И таткото може да има постпородилна депресија. Еве како да ја препознаете…

Не само што обично ја поврзуваме постпородилната депресија со жените, туку и симптомите на татковците се различни од оние на мајките, што дополнително придонесува за недоволно дијагностицирање и недоволно лекување на депресијата кај мажите.

169

Кога зборуваме за постпородилна депресија, секогаш прво помислуваме на новите мајки кои се тажни и плачат.

Она што ретко ни паѓа на ум е сликата на новопечен татко кој страда од симптоми на депресија откако станал родител. Меѓутоа, и мажите можат да доживеат постпородилна депресија.

Околу 1 од 10 татковци доживуваат постпородилна депресија (PPD).

Не само што обично ја поврзуваме постпородилната депресија со жените, туку и симптомите на татковците се различни од оние на мајките, што дополнително придонесува за недоволно дијагностицирање и недоволно лекување на депресијата кај мажите.

Симптоми на постпартална депресија кај мажите

Помали се шансите татковците да имаат „традиционални“ симптоми на постпородилна депресија, како што е тажното расположение кое често се манифестира со плачење.

Наместо тоа, симптомите кај татковците може да го вклучуваат следново:

Раздразливост, непријателство и лутина
Изолација, повлекување и одвоеност
Ризично однесување, како што е зголемена употреба на супстанции
Физички симптоми, како што се болка, промени во апетитот и тежината и тешкотии со спиењето
Негативни релациски и родителски однесувања

Дополнително, додека симптомите на постпартална депресија кај мајките имаат тенденција да започнат порано, симптомите на PPD кај татковците се развиваат побавно и постепено во текот на првата година по породувањето, со најчест почеток три до шест месеци по породувањето.

Фактори на ризик

Постојат голем број фактори кои можат да придонесат за развој на PPD:

Хормоналните промени, како што е намалувањето на тестостеронот, за кои се смета дека ја потткнуваат врската родител-дете
Стресни фактори на животната средина, како што се недостаток на социјална поддршка и финансиски стрес
Компликации на бременоста и траума при раѓање
Недостаток на спиење
Историја на ментални болести


Од особена важност, мајчината депресија е највлијателниот фактор на ризик за PPD кај новите татковци.

Ова е различно од постпородилната депресија на мајката во која нејзината сопствена историја на ментално здравје е најсилниот фактор на ризик, што покажува уште еден начин на кој PPD се разликува од мајчината депресија.

Третман на депресија

За мажите кои страдаат од постпородилна депресија, научниците им препорачуваат да им доверат на партнерките и на саканите сѐ што ги мачи – и добро и лошо.

Покрај тоа, кога се чини дека е невозможно справувањето со барањата на родителството, неопходно е да се побара помош од лекар или терапевт.

Стигмата дека мажите треба да ги игнорираат своите чувства веќе не важи – кога ќе се појават првите симптоми на депресија, потребно е да се дејствува.

Со стручна помош или со помош на најблиските, постпородилната депресија може навремено да се контролира.

Повеќе