Редок феномен: На девојче од Србија му растат три вида коса

Од напред – нејзината коса е кафена и права, во профил од едната страна девојчето има големи кафеави локни, а на другата страна на лицето ќе видите ситни, или како што некои ги нарекуваат – „афро“ кадрици.

841

Софија од Лесковац, Србија, има три години и „три вида“ коса.

Ако се гледа од напред – нејзината коса е кафена и права, во профил од едната страна девојчето има големи кафеави локни, а на другата страна на лицето, покрај кафените прамени, ќе видите и руси, ситни, или како што некои ги нарекуваат – „афро“ кадрици, објави „Н1“.

Нејзината мајка раскажува дека оваа необична коса почнала да расте по првиот роденден на Софија.

Таа вели дека контактирала и со педијатар, но и со фризери – сите ѝ рекле дека никој никогаш не видел такво нешто и не ја знаат причината за тоа.

 Во однос на одржувањето, сè уште учиме и не знаеме што да правиме, особено што има три типа коса на главата…

Ја чешламе само кога косата ѝ е мокра, вели мајката.

Пред извесно време се дозна и за две момчиња од Крагуевац и од Лебане кои имаат тн. „синдром на непослушна коса“ – необична појава кога влакното расте нагоре и „му пружа отпор“ на чешлањето.

Таткото на момчето од Крагуевац изјави дека за другото момче дознале на интернет, бидејќи педијатрите првпат виделе ваква коса.

Мајката на Софија вели дека знае за случаите од соседните градови во јужна и средишна Србија, но вели, случајот со нејзината ќерка е нешто друго.

За што точно се работи, сè уште не се знае. 

Повеќе