Играње, движење, скокање: Тоа треба да биде единствената работа на децата до 10 години

Кога на детето му ја одземаме можноста за движење, го спречуваме неговиот развој. Единствената работа и обврска на детето до 10 години е да се движи и да игра. Родителите често сакаат веднаш да го решат проблемот со досадата кај децата, па им дозволуваат да гледаат цртани или да играат игри со часови

236

Истражувањето покажало дека голем број деца кои имаат потенцијал да развијат талент, често нема да го развијат бидејќи немаат стимулативна средина. Само три од дваесет талентирани деца го користат својот вроден потенцијал, вели за Инфо пулт д-р Ранко Рајовиќ кој тогаш беше претседател на Светскиот комитет на Менса за надарени деца.

Надарените деца често прозборуваат порано и рано покажуваат интерес за животните, енциклопедиите или за географијата. Таквите деца имаат желба да научат многу. Доколку родителите не покажат интерес и не ги поддржуваат таквите деца, тука нема стимулација.

Често кога родителите немаат време, ги пуштаат децата да гледаат телевизија, а тука нема стимулација. Ова создава интелигентно дете кое не може да седи, да учи или да чита повеќе од пет минути. Овој проблем се нарекува хипервнимание. Рајовиќ истакнува дека ако детето до 3 или 4 години го совлада говорот, што е најтешката работа во животот на детето, тоа значи дека може многу повеќе ако има добри методи за поттикнување.

Тој истакнува дека учењето нови работи за децата е извор на среќа. Кога детето ќе сфати дека научило нешто што претходно не го знаело, се ослободува ендорфин, хормонот на среќата и детето се радува. Треба да го научиме детето на симболи за да научи да поврзува, а кога детето ќе научи да ги поврзува работите тоа се нарекува конвергентно размислување.
Следното нешто што детето треба да го научи е само да поставува прашања кои бараат од него да ги поврзе работите. Ова се нарекува дивергентно размислување. Тој исто така истакнува дека детето кое е интелигентно не мора нужно да биде надарено. Дури кога ќе се развие интелигенцијата, детето почнува да размислува дивергентно, а потоа развива и надареност.

Д-р Рајовиќ истакнува дека на детето му е дадена енергија за да се движи и дека тоа е негова потреба, да биде во природа. Ако детето не е во природа, ќе се движи низ дома, ќе скока, ќе се качува, па родителите често велат дека детето е хиперактивно. Не е хиперактивно, туку има потреба од движењето што му се одзема бидејќи не е надвор.

Кога на детето му ја одземаме можноста за движење, го спречуваме неговиот развој. Единствената работа и обврска на детето до 10 години е да се движи и да игра. Родителите често сакаат веднаш да го решат проблемот со досадата кај децата, па им дозволуваат да гледаат цртани или да играат игри со часови.

Во ред е децата да гледаат цртани, но за кратко, а повеќечасовното зјапање во телефонот треба целосно да се прекине. Нашите деца не се движат доволно и повеќето од нив имаат рамни стапала кога одат на училиште поради недоволно движење. Ние самите создаваме неспособни деца, вели доктор Рајовиќ.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе