Испраќањето на детето во соба кога е непослушно не е добар начин на воспитување

Кога ќе го испратиме детето во собата да се смири, всушност му испраќаме порака дека треба да ги потисне емоциите додека не биде подготвено повторно да функционира „нормално“, велат психолозите

96

Испраќањето на детето во неговата соба кога е непослушно е еден од најстарите и најчестите методи на дисциплинирање, но дали функционира?

Како што објаснуваат психолозите, овој метод на дисциплинирање прави повеќе штета отколку корист, а што е полошо е фактот што може да го научи да ги потиснува своите емоции наместо да научи како да се справи со нив.

Имајќи предвид дека во денешно време сè помалку родители користат физичко казнување кога децата се однесуваат лошо, нивното испраќање во соба стана еден вид модерен „тајм-аут“. Основната идеја за испраќање на детето во неговата соба е да може да седи само подалеку од другите, да ги смири своите емоции, но и внимателно да размисли за своите постапки.

Исто така, се смета за многу подобра опција од викањето или некои други видови казнување и им овозможува на родителите да се справат со тешка ситуација со доследен пристап, а притоа всушност да не мора директно да се соочат со какво било негативно или непријатно однесување кое нивното дете го покажало.

Сепак, психолозите нагласуваат дека овој метод на дисциплинирање не се препорачува, а еве зошто.

Тие тврдат дека иако децата може да излезат од нивните соби помирни потоа, тие пропуштиле можност за развој. Имено, кога детето е луто или непослушно, причината за тоа најчесто е неговиот страв, повреденост или немоќ. Кога ќе го испратиме детето во собата да се смири, всушност му испраќаме порака дека треба да ги потисне емоциите додека не биде подготвено повторно да функционира „нормално“, додаваат тие.

Повеќе