Јапонците почнуваат да им ги отстрануваат влакненцата на децата уште во детството

Во Јапонија, дури и малите деца се сметаат за потенцијални потрошувачи на производи и третмани за отстранување на влакна. Јапонската компанија Dione нуди ласерско отстранување на влакна за деца на возраст од три години и тврди дека користи нежни уреди со мала моќност, специјално дизајнирани за деликатна млада кожа.

519

Во многу азиски земји, мазната кожа без влакна се смета за естетски пријатна, додека влакнестата

се поврзува со засрамување.

Во Кина влакната на телото се сметаат за знак на неуредност, мрзеливост и старост. Во Јужна

Кореја, никој не крева рацете кога носи маица без ракави ако се видливи влакна во пазувите.

Во Јапонија, дури и малите деца се сметаат за потенцијални потрошувачи на производи и третмани

за отстранување на влакна. Јапонската компанија Dione нуди ласерско отстранување на влакна за

деца на возраст од три години и тврди дека користи нежни уреди со мала моќност, специјално

дизајнирани за деликатна млада кожа.

Бројот на основци и средношколци кои се подложени на третман за отстранување на влакна во

Јапонија се зголемил за осум пати помеѓу 2016 и 2023 година, според истражувањето на агенцијата

за отстранување на влакна Rize.

Речиси 60 отсто од јапонските родители изјавиле дека нивните деца сакаат да ги отстрануваат влакната од телото.

Кај тинејџерите, влакнетоста може да доведе до малтретирање од страна на нивните врсници.

„Кога одев во средно, постојано ме задеваа поради моите влакненца. Ќерка ми не сака да оди на

училиште бидејќи момчињата од нејзиниот клас ја исмејуваат”, се дел од коментарите на родители

од Јапонија.

Жените во Јапонија претпочитаат мажи со помалку влакна на телото

Јапонската традиција на отстранување на влакна датира од пред 1200 години. Жените користеле

ножеви и остри жилети за да ги отстранат влакната од лицето.

Пред околу 400 години, мажите користеле мазни камења за да ги тријат нозете, пазувите и

интимните делови за да ги отстранат влакната од тие делови од телото. Затоа, не е изненадување

што влакната почнале да предизвикува одвратност во Јапонија.

Јапонската телевизија ХНК ТВ објавила дека на работодавците им е непријатно кога потенцијалните

кандидати доаѓаат на интервју за работа со неизбричени нозе. Истражувањето од 2020 година на

јапонската компанија за отстранување на влакна QEEQ покажала дека околу 90 проценти од младите жени претпочитаат мажи со помалку влакна на телото.

Психолог: „Нема добра или лоша одлука“

Експертите предупредуваат дека депилацијата на детската кожа може да предизвика значително

оштетување на кожата и фоликулите на влакната. Според психологот Фрејне Зелцер, родителите

кои размислуваат да ги отстранат влакната од телото прво треба да се консултираат со педијатар.

„Тешко е да се каже зошто тригодишно дете би побарало депилација, освен ако не изразило непријатност или несигурност.

Објаснете му на вашето дете што е депилација со восок, дозволете му да донесе свои одлуки и почитувајте ги неговите чувства ако се предомисли. Не постои правилна или погрешна одлука. Луѓето го прават она што е најдобро за нивните семејства“, вели Зелцер.

Повеќе