Раѓањето на внучето е еден од најважните моменти во животот на секои баба и дедо.
Природно е тие да се возбудени и желни да се вклучат во грижата и воспитувањето затоа што сметаат дека имаат драгоцено искуство што би можеле да го пренесат.
Меѓутоа, понекогаш се случува новите родители да не сакаат бабите и дедовците премногу да се мешаат во нивното воспитување. Оваа ситуација често води до фрустрации и конфликти.
Многу баби и дедовци се соочуваат со прашањето: „Што згрешив? Само сакав да помогнам, а моите деца ми се лутат“.
Но, вистината е дека дури и најдобрите намери можат да доведат до несогласувања ако не се добро комуницирани. Новата генерација родители често имаат свои идеи за родителството, кои може да се разликуваат од методите што ги користат бабите и дедовците.
За да избегнете недоразбирања и за да обезбедите добар однос со вашите внуци, важно е да разберете неколку клучни совети.
Прашајте пред да направите што било
Ако сакате да помогнете или да направите нешто за вашите внуци, секогаш прво прашајте ги родителите, односно, вашите деца за мислење.
Немојте да претпоставувате дека тие ќе ги воспитуваат своите деца на ист начин како што сте ги воспитувале вие нив.
Секое семејство има свој стил и важно е да се почитуваат нивните одлуки и методи.
На пример, ако сакате да го понудите вашиот совет или да помогнете во некоја ситуација, наместо да го наметнувате вашето мислење, прашајте: „Дали сакате да го слушнете мојот совет? Со тоа покажувате почит кон нивните одлуки и им давате избор.
Почитувајте ги нивните одлуки
Една од најважните работи што треба да ги запомните како баба и дедо е дека сега вашите деца се во улога на родители.
Ако донесат одлука со која не се согласувате, не ја поништувајте само затоа што мислите дека знаете подобро. Иако може да биде тешко, важно е да признаете дека е нивно право сами да донесуваат одлуки за родителството, дури и ако вие не се согласувате со нив.
Мешањето или игнорирањето на нивните одлуки може да доведе до дистанца и влошување на вашата релација. Наместо тоа, поддржете ги во нивниот родителски процес, дури и ако тоа значи да го премолчите вашето мислење.
Фокусирајте се на поддршка и слушање
Покрај конкретната помош, исто толку важна може да биде и емоционалната поддршка.
Младите родители се често под стрес, уморни и соочени со бројни предизвици.
Наместо да нудите решенија за секој проблем, едноставно слушајте ги и поддржете ги.
Понекогаш е доволно само да се каже: „Разбирам колку ти е тешко“ или „Тука сум ако ти треба нешто“.
Ако мислите дека имате решение за некој проблем, понудете го на начин што ќе им овозможи на родителите избор.
Кажете: „Имам идеја што може да помогне, дали би сакале да ја слушнете?
Ако кажат да, споделете го советот. Ако не сакаат, почитувајте го нивниот избор и продолжете да ги поддржувате на други начини.
Најважното нешто што бабите и дедовците треба да го разберат е дека со раѓањето на внучето започнува нова фаза во нивниот однос со децата.
Наместо да ја преземете контролата, важно е да постапувате полека, со внимание и почит кон новото семејство кое се обидува да го најде својот пат.
Овие мали чекори ќе овозможат долготрајна, здрава врска, без непотребни конфликти.