Како да го нахраните детето без телефон? Веројатно, никако, веќе сте го направиле зависник

Повеќе никој не се срами да го храни детето додека тоа гледа во мобилниот телефон или да турка количка со дете кое гледа во мобилниот

630

Д-р Ранко Рајовиќ, српски експерт за детски развој и креатор на програмата за учење NTC, има свое мини шоу наречено The Winding Road со Ранко Рајовиќ на LinkTV. Во една од првите епизоди тој зборува за опасностите и последиците од тоа што децата денес често јадат пред екраните.

„Родителите дури и додека седат во кафулиња, држат торта и го хранат детето кое е во количка и гледа во телефонот. Никој веќе не се срами од тоа, не се двоумат, тоа стана практично нормално“, вели д-р Рајовиќ започнувајќи ја приказната за хранењето пред екранот.

„На предавањата, кога ќе дојдат родителите и ќе видат дека е грешка, збунети прашуваат како сега? Како да нахраните дете без телефон? Тоа нема да јаде. Тоа значи дека веќе го направиле детето зависник – детето јаде кога гледа во екранот. Мама го храни, тато го држи телефонот и детето јаде“, објаснува Рајовиќ

Зошто е проблематично хранењето на детето пред екран?

Д-р Рајовиќ вели дека на тој начин детето постојано бара стимулација. Поврзува храна и таква стимулација, а ако не добие телефон, нема да јаде (слична е ситуацијата со кафето и цигарите кај пушачите). Тогаш мајките попуштаат затоа што им е најважно да го нахранат детето. И тогаш влегуваат во уште поголем проблем.

„Ми се јавуваат родителите и ми велат: „Сакавме да ги исклучиме екраните, но не можеме.“ Ги прашувам: „Како не можете?“ Тие велат дека детето нема да јаде“. Значи детето веќе е измамено, мозокот го измамил и бара ментална стимулација додека јаде“, продолжува Рајовиќ.

Што друго повлекува со себе одбивањето храна?

Рајовиќ додава дека, кога детето не сака да јаде, често се случува да пребира. Нема да ја јаде понудената храна, па храната ќе му биде испасирана. И доаѓаме до заклучок дека сè повеќе деца јадат мелена пасирана храна. И влегуваме во проблем.

„Доколку консумира само мека храна, детето нема да ја развие вилицата. Која е последицата? Имаме сè повеќе млади луѓе кои вадат по четири заби. Не може да им ги собере забите во уста. Нашите усти се намалија за 30 години. Тоа не беше случај порано. Некој вели – па што е важно. Значи вадиме четири заби, ако долната вилица е намалена, се намалува и лежиштето за јазикот. Јазикот не е само органот што го гледаме, тој е многу поголем орган. Ако јазикот нема лежиште, се стиска малку, за милиметар или два и се менува целосната циркулација во устата. Вратата веќе се отвора за некои проблеми со дишењето. Дополнително, стоматолозите велат дека ако даваме мека храна, ќе има повеќе кариес“, тврди Рајовиќ

На мислењето на родителите дека млечните заби не се важни, Рајовиќ вели дека тоа е огромна заблуда и дека тие се поважни од трајните заби.

Ако извадиме млечен заб поради кариес, храната оди исклучиво на другата страна на устата и тие мускули се зајакнуваат, се јавува хипертрофија и овие силни мускули создаваат асиметрија на лицето, го повлекуваат мускулот на вратот и ја менуваат целата оска глава – пета, се пореметува држењето на телото, ‘рбетот се витка во спирала, а тука е сколиозата. Дури и ако детето има рамни стапала, речиси сигурно ќе има нарушување на држењето на телото. Значи, хигиената на забите и цврстата храна се многу важни. Детето треба да ја земе таа храна во раце, а не да го храниме“, заклучува Рајовиќ

И нашата препорака е слична – без разлика дали сте во хотел, ресторан, кафуле, не го залажувајте вашето дете со телефон за да јаде подобро. Сега знаете зошто тоа не треба да се прави.

Повеќе