Како да ја свртите ситуацијата кога детето не сака да ја сработи домашната?

Расправиите и кавгите околу домашните не само што не го решаваат проблемот, туку го прават уште поголем. Применете ги овие упатства за да им помогнете на вашите деца на долг рок.

126

Го знаете оној момент кога детето ќе ви каже: „Не сакам да го правам домашното“.

„Ова е многу тешко, не го знам, не можам“.

Моменти кога чувствуваме фрустрација, беспомошност, страв, лутина…

Моменти кога обично влегуваме во борба, убедување и расправии со децата.

Еве што можете да направите во тој момент за да ги избегнете кавгите со децата и да ги поттикнете во позитивна насока:

На прво место, поврзете се со детето и ситуацијата што се случува пред вас.

Користете емпатија, но навистина. Не само со зборови, туку и со вашиот тон и израз на лицето кои мора да бидат усогласени.

„Ох, навистина не сакаш да ја правиш домашната денес“.

Користете претерување, но не и задевање, кога детето вели:

-Ова е толку тешко, не можам да го направам ова, има толку многу домашни задачи.

-Ох, колку би било прекрасно ако наставникот понекогаш рече дека за домашна работа треба само да играте. Дали некогаш го посакуваш тоа?

Што правиме овде? Наместо да го притискаме детето со реченицата „Мораш да правиш ова или она“, ние се поврзуваме со него, со неговата фрустрација, со неговиот проблем.

Детските фрустрации, желби, стравови ги вадиме на површина. Ги извлекуваме од темнината на светлина.

Дури кога детето ќе го почувствува вашето разбирање и прифаќање, усмерете го во правецот во кој сакате. Покажете верба во него.

„Хм, таа задача навистина изгледа тешка. А ти си дете кое може да прави тешки работи“.

„Да, училиштето понекогаш е досадно, само седиш мирно и мора да правиш сѐ што ќе ти кажат. Хм. Сигурно постојат некои работи во училиштето што ти се допаѓаат“ – се некои од речениците што можете да му ги кажете.

А потоа тргнете со мали чекори. Сигурно сакате да го научите вашето дете на трпение, па еве ви можност да го покажете вашето трпение.

„Имаш 5 задачи. Тоа е многу. Можеш ли да завршиш една?“

Помогнете му на вашето дете да ја раздели големата домашна задача на мали делови што нема да го преоптоварат и да го направат да се чувствува неспособно.

Така ќе почувствува задоволство кога ќе го направи тоа мало делче. Така го развива чувството „Јас можам да го направам тоа“ наместо „Не можам да го направам тоа“.

На тој начин не влегувате во борба и навистина работите на решение.

Расправиите и кавгите околу домашните не само што не го решаваат проблемот, туку го прават уште поголем. Применете ги овие упатства за да им помогнете на вашите деца на долг рок.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе