Како ги изложувате бебињата на ризик од задушување и синдром на доенечка смрт?

Добротворна организација The Lullaby Trust предупреди дека родителите ги изложуваат бебињата на зголемен ризик од задушување или синдром на ненадејна доенечка смрт (SIDS).

790

Истражувањето кое го спровела добротворната организација The Lullaby Trust меѓу илјада родители на деца до една година покажало дека 70 отсто од нив им дозволувале на своите бебиња да спијат во нишалки, 67 отсто од нив не гледале проблем во лежалките за бебиња, а 61 отсто во вреќите со меко полнење. Околу 8 проценти од родителите ги оставале своите бебиња во овие предмети преку ноќ.

Во такви предмети, бебињата се навалени или во седечка положба, поради што главите им паѓаат напред, што ги стеснува нивните чувствителни дишни патишта.

„Најбезбедно место за спиење на бебињата е на грб, на чиста, рамна, цврста површина“, вели Џени Вард, извршен директор на The Lullaby Trust.

The Trust истакнува дека производите како што се лулашките за бебиња се корисни само кога децата се будни и под надзор.

„Таквите предмети не се погодни за спиење. Тие го зголемуваат ризикот од задушување и СИДС“, истакнала таа.

Според Lullaby Trust, СИДС секоја година ги одзема животите на околу три бебиња неделно. Повеќето (89%) смртни случаи се случуваат во првите шест месеци од животот на бебето.

„Сите родители треба да бидат свесни како да ги заштитат дишните патишта на своето бебе, особено кога тоа спие.

Ако бебето заспие во седечка положба, на пример, во лулашка или во скокалка, најдобро е да го преместите на чиста, цврста, рамна површина за да му останат отворени дишните патишта. Дури и ако бебето е будно, сепак е важно да се погрижиме главата да не му е навалена напред и да не му се покриени носот и устата за да му бидат слободни дишните патишта“, заклучила Вард.

Повеќе