Како можете да ја зголемите емпатијата на вашето дете? Еве што советуваат психолозите

Сите луѓе се раѓаат со природен капацитет за емпатија, што значи дека сме биолошки програмирани да формираме социјални односи и да се грижиме за другите. Но, оваа вештина не се развива во целост, поради што малите деца на возраст од три до пет години често покажуваат нешто помалку грижа за другите. Но, родителите се тука за да ги научат

83

Емпатијата е една од најважните емоционални и социјални вештини, способност да ги препознаете емоциите на другите и да разберете зошто тие се чувствуваат на одреден начин – како да забележите намуртено лице на вашиот пријател и да сфатите дека тој е веројатно лут или тажен. Постојат два вида на емпатија, емоционална и когнитивна.

Сите луѓе се раѓаат со природен капацитет за емпатија, што значи дека сме биолошки програмирани да формираме социјални односи и да се грижиме за другите. Но, оваа вештина не се развива во целост, поради што малите деца на возраст од три до пет години често покажуваат нешто помалку грижа за другите.

Затоа детските психолози нагласуваат дека родителите можат значително да придонесат за подобар развој на оваа вештина кај своите деца со нивниот начин на воспитување уште од мали нозе, а еве како.

Разговарајте за вашите и за чувствата на другите.

Грижете се за чувствата на детето.

Користете секојдневни ситуации за да поттикнете дискусија за чувствата на другите луѓе.

Учествувајте со детето во хуманитарни акции.

Пофалете го вашето дете кога ќе забележите дека се однесува емпатично.

Бидете трпеливи.

Секој од овие начини му помага на детето уште од рана возраст да научи што е емпатија, како и зошто емпатијата е толку важна. Имено, тоа влијае на нашите секојдневни односи со другите луѓе, како во детството, така и во зрелоста.

Повеќе