Како детето наследува висина, тежина и дупчиња на образите?

Сите се прашуваат како ќе изгледа нивното дете, но секој родител мора да почека детето да се роди за да види што „одлучила“ генетиката

333

Има прашања кои се почести кога станува збор за генетиката. Едно од нив е висината и начинот на кој таа се наследува. Можеме да се потсетиме малку на генетиката и да видиме како експертите го објаснуваат тоа.

Дали детето на еден висок и еден низок родител ќе биде со просечна висина?

Во принцип, да. Висината на детето може да се пресмета со пресметување на просечната висина на двајцата родители, а потоа да се додадат пет сантиметри за момчињата и да се одземат пет сантиметри за девојчињата. Не е изненадувачки што двајца високи родители обично имаат високо дете, а ниските луѓе имаат ниско дете. Но, правилата постојат за да се прекршат. Висината е полигенско својство, што значи дека наследството на особините е контролирано од голем број гени, а на нив влијаат и надворешни фактори, но и лошата исхрана може да го спречи детето да ја достигне потенцијалната висина. „Ќе видите деца надвор од оваа формула во двете насоки“, вели д-р Јаон Боуман, потпретседател на Друштвото за хумана генетика. „Двајца родители со просечна висина може да имаат дете со кошаркарска или со подпросечна висина“.

Родителите кои се борат со вишокот килограми се многу загрижени дали ги осудиле своите деца на слични проблеми и дали здравствените проблеми кои произлегуваат од дебелината се исто така наследни?

Некои семејства всушност имаат поголема веројатност да имаат прекумерна тежина. „Долго време забележуваме дека потешките родители имаат потешки деца, а сега знаеме дека еден ген предизвикува зголемена тежина“, вели Кејт Гарбер, д-р и раководител на едукацијата на одделот за човечка генетика на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори (Emory). „Изгледа дека детето кое ќе ја наследи таа варијанта од двајцата родители ќе биде во просек три до четири килограми потешко од некој без тие две генетски копии“, додава таа, „Се разбира, тоа не значи дека личноста е дебела – тоа е само еден од познатите генетски фактори кој речиси сигурно постои меѓу многуте кои сè уште не се прецизно утврдени“, вели Гарбер.

Тоа сè уште не значи дека вашето семејство е предодредено да биде дебело. „Дебелината е мултифакторна, што значи дека генетиката и начинот на живот придонесуваат“, вели Трибл. „Гените од кои зависи тежината сè уште се истражуваат, но изборот на животниот стил игра значајна улога. Најдобар начин на живот е редовно вежбање и здрава исхрана, особено за време на бременоста“, додава тој.

Сечии слатки дупчиња се шармантна физичка карактеристика. Доколку ги имате, веројатно ве интересира како се наследуваат.

Ако некој од партнерите или некој од семејството има дупчиња, можно е да ги има и детето. „Дупчињата на образите се сметаат за доминантни меѓу ситните абнормалности, само еден родител може да има таква особина и да ја пренесе“, вели Трибл, доктор на наука и водител на едукацијата во Центарот за генетика Гринвуд. „Исто така, вашето дете наследува од вас или од партнерот пеги, дупче во брадата, прамен коса што расте од средината на челото во форма на триаголник, флексибилен јазик, влакнести уши. Сите се особини кои лесно може да се наследат“, објаснува Бенет.

Се разбира, не можете да изберете што ќе се наследи во генетскиот пакет. „Понекогаш кога ги оценуваме децата со овие карактеристики, да речеме необичен облик на уво или влакна на прстите, излегува дека тоа е само нешто што постои во семејството“, вели д-р Барбара Бартон, водител на клиниката за генетика, абнормалности при раѓање и метаболизам во Меморијалната детска болница во Чикаго.

Повеќе