Од играње видео-игри до опсесивно-компулсивно нарушување

Децата кои поминуваат премногу време играјќи видео игри известуваат дека на крајот чувствуваат потреба да продолжат да играат такви игри и не можат да престанат и покрај нивните најдобри напори. Наметливите, несакани мисли за содржината на видео игрите може да се развијат во опсесии или компулзии кај некои деца. и постојаното гледање видео содржини ги поттикнува предтинејџерите компулсивно да гледаат слични содржини.

192

Меѓу предтинејџерите кои поминуваат премногу време пред екраните на паметните телефони или компјутерите, воочени се поголеми изгледи за развој на опсесивно-компулсивно нарушување (OКН), покажало истражувањето. Шансите за развој на OКН кај оваа возрасна група во период од две години се зголемиле за 13 отсто за секој час играње видео игри и за 11 отсто за секој час гледање видеа, открива новата студија на истражувачите од Универзитетот во Сан Франциско, а објавени во стручното списание Journal of Adolescent Health.

Водечкиот автор на студијата ги предупредил родителите дека премногу време поминато пред екраните може да има многу штетно влијание врз менталниот развој на децата во предтинејџерски години.

„Децата кои поминуваат премногу време играјќи видео игри известуваат дека на крајот чувствуваат потреба да продолжат да играат такви игри и не можат да престанат и покрај нивните најдобри напори. Наметливите, несакани мисли за содржината на видео игрите може да се развијат во опсесии или компулзии кај некои деца. и постојаното гледање видео содржини ги поттикнува предтинејџерите компулсивно да гледаат слични содржини. Таквото однесување често се влошува со алгоритми и реклами“, вели д-р Џејсон Нагата, педијатар и доцент на UCSF.

Поради OКН можат да страдаат работата, училиштето и меѓучовечките односи

Опсесивно-компулсивното растројство спаѓа во групата на анксиозни нарушувања, а се карактеризира со појава на опсесивни мисли и компулсивни дејства. Луѓето кои страдаат од ова нарушување ја разбираат ирационалноста на нивните постапки и ги доживуваат како непријатни, но не можат да ги спречат. Поради ова, може да страдаат сите аспекти од животот (работа, училиште, меѓучовечки односи), а многу активности може да станат ограничени.

Како дел од студијата, американските истражувачи прашале 9.204 предтинејџери на возраст од девет до 10 години колку време поминуваат на различни платформи. Просекот бил 3,9 часа дневно, без употреба на екраните за едукативни цели. Две години подоцна, на 4,4 проценти од предтинејџерите им бил дијагностициран новопојавено OКН. Се покажало дека видео игрите и стриминг видеата се поврзани со поголем ризик од развој на OКН.

СМС-пораките, видео разговорот и социјалните мрежи не биле поединечно поврзани со OКН, но тоа е можеби затоа што малолетниците во студијата не ги користеле често, велат истражувачите, додавајќи дека резултатите може да се разликуваат за постарите тинејџери.

Децата поминуваат се повеќе време пред екраните

Д-р Нагата и неговите колеги откриле дека времето што адолесцентите го поминувале пред екраните во 2021 година, во времето на пандемијата, се удвоило.

„Иако времето поминато пред екранот може да има одредени придобивки, особено кога станува збор за образованието и зголемена социјализација, родителите треба да бидат свесни за можните ризици, особено за менталното здравје на детето. Членовите на семејството би можеле да се договорат за користење на интернет содржини или медиуми и пред спиење да го изостават“, е предлогот на Нагата.

Истражувањето е објавено во време кога се објавени резултатите од посебна студија, која ги предупреди родителите на многу малите деца дека имаат прават повеќе штета отколку корист на долг рок ако често им ги даваат паметните телефони за да ги смират. Резултатите се објавени во списанието JAMA Pediatrics, а студијата опфатила 422 родители и 422 деца на возраст од три до пет години, во периодот од август 2018 до јануари 2020 година.

Повеќе