Како реагираат Јапонците ако детето има излив на гнев? Еве во што е тајната на јапонските родители

Како јапонските семејства ги дисциплинираат своите деца и како успеваат речиси целосно да ги избегнат изливите на гнев, таканаречени тантруми?

523

Една Американка го променила својот живот такашто се омажила за Јапонец и се преселила во „земјата на изгрејсонцето“. Таа многу брзо сфатила колку се различни работите во таа земја. Да се види тригодишно дете како се однесува хистерично во Јапонија е многу поретко отколку во западниот свет, вели таа. А кога тоа би се случило, таа би почувствувала олеснување. Затоа што не се само нејзините деца. Не е до неа.

А како би реагирале јапонските мајки кога тоа би се случило? Па, речиси никако. Кога би му кажале дека не може да добие друг сладолед или дека е време да си оди дома од паркот, ако почне да се фрла на земја, малиот Јапонец нема особено да ги загрижи родителите или да предизвика нивна непосредна бурна реакција. . Напротив, родителите би делувале сосема смирено.

Која е нивната тајна?

Уметноста на Шицуке (дисциплината)
Еден ден, оваа мајка открила зошто е тоа така. Зошто никогаш не видела Јапонците да ги дисциплинираат нивните деца.
„Преполн воз, гужва и нервозно мало момче од можеби три години – не сака да се качи во возот. И го покажува тоа многу гласно. Таткото брзо излегува со целото семејство и како што се затвора вратата, со аголот на моето око успевам да видам како се наведнува и многу одлучно му зборува на синот. ТОА беше откровение за мене“ – објаснила оваа мајка.

„Додека јас се фокусирав веднаш да го прекинам изливот на гнев и да го пресечам непосакуваното однесување, јапонските родители немаат проблем и не се плашат од осудувањето на околината. Затоа чекаат момент кога ќе бидат сами, за да разговараат со детето. Почнав да го забележувам тоа насекаде. Детето не добива ниту карање, ниту лекција додека не остане само со родителите“. – додава оваа мајка.

Овој принцип, освен што ја зачувува самодовербата и достоинството на детето, го зачувува и авторитетот на родителите. На јапонски дисциплината се нарекува шицуке, но значи и тренинг. А родителството е токму тоа. Од родителите се очекува да го моделираат однесувањето што сакаат да го всадат кај своите деца.

Фокусирајте се на однесувањето, а не на казнувањето
Тој фокус на тренингот како основа на дисциплината е видлив насекаде. Јапонците ги учат децата како да се однесуваат покажувајќи им ги правилните обрасци на однесување, а ги поправаат и грешките што ги прават децата во приватен разговор со нив.

Тоа го прават подеднакво родителите и воспитувачите во градинка. Фокусот никогаш не е на тоа децата да страдаат, да бидат казнети поради нешто лошо што го направиле, туку да научат како би требало да се однесуваат.

Повеќе