Какви карактеристики имаат децата кои се воспитувани од „постари“ родители?

Додека порано се сметаше дека е лошо да се биде постар родител, денес е познато дека има многу предности од таквото родителство. Постарите родители се позрели, поотпорни, емотивно и финансиски постабилни.

92


Денес сѐ почесто се случува родителите да се сѐ постари, особено во споредба со периодот пред две или три децении, па станаа очигледни некои особини на децата кои ги воспитуваат малку постари родители.

За среќа, мрачното доба на oсуди кога беше „доцна“ да се има дете во 30-тите е зад нас, па можеме да кажеме дека родителите на таа возраст се речиси сосема прифатливи и само ги нарекуваме – „постари“ родители, во што нема ништо погрдно.

Возрасните, зрели луѓе чекаат уште малку за да станат родители – а денес има навистина многу причини за тоа. Школувањето/образованието е подолго, трошоците за живот се поскапи, а решавањето на станбеното прашање е потешко и уште цела низа други причини.

Но, тоа веќе никому не му е важно.

Додека порано се сметаше дека е лошо да се биде постар родител, денес е познато дека има многу предности од таквото родителство. Постарите родители се позрели, поотпорни, емотивно и финансиски постабилни.

Некои студии покажаа дека децата на „постарите“ родители може да покажат знаци на доцнење во развојот, за кои се верува дека се поврзани со биолошките фактори на постарите родители.

Меѓутоа, тоа не е сега темата. Исто така, се верува дека децата на постарите родители често се поконзервативни, а тоа е особина која често не е многу добредојдена во ова модерна доба…

Севкупно, овие 7 особини често се наоѓаат кај луѓе кои биле одгледани од „постари“ родители.

Зрели се
Децата на постарите родители често брзо растат, бидејќи нивните родители се веќе целосно зрели и не се склони кон неодговорност, импровизации, неочекувани работи…

Ја почитуваат традицијата
Со едноставна логика доаѓаме до заклучок дека постарите родители живееле повеќе и виделе повеќе, за да можат да пренесат повеќе искуства и традиции на своите деца.

    Освен тоа, тие искуства и традиции многу се разликуваат од модерните, актуелните, па децата учат да ги почитуваат.

    Мотивирани се за образование
    Постарите родители често стануваат родители веднаш по завршувањето на долгото образование, за да можат да се посветат на детето, а дополнително да ја сфатат важноста на образованието од друга перспектива.

      Токму поради ова, тие се поспремни да им ја пренесат важноста на образованието на децата и полесно да ги мотивираат.

      Трпеливи се
      Трпението е нешто што често им се припишува на децата од постарите родители токму поради големите разлики во годините меѓу родителите и децата, бидејќи тие години често носат и други разлики, на кои децата често треба да се навикнат, односно да бидат трпеливи за нивните родители да ги прифатат.

        На пример, само земете ги предвид сите прилики кога детето треба да им ги објасни сите новитети и најновата технологија на своите родители. Мора да стане трпеливо!

        Сестрани се
        Кога луѓето чекаат подолго да станат родители, причината за тоа е често од финансиска природа, па додека да станат родители, тие веќе се финансиски многу стабилни.

          Една од предностите на финансиската стабилност е секако поголемата можност за воннаставни активности, патувања, дообразование…

          Одговорни се
          Постарите родители ќе бараат поголема одговорност од своите деца, односно порано соочување со одговорноста, бидејќи чувствуваат притисок што побрзо да ги подготват за живот.

            А тука е и фактот дека разликата во воспитувањето во нивно време и денес е голема, па често е тоа начинот на кој тие самите биле воспитувани – со барања за одговорност, како, на пример, помагање дома.

            Емотивно се поотпорни
            Иако тоа не е правило, се разбира, постарите родители понекогаш ќе имаат поизразени здравствени проблеми, па тоа би можело да ги направи децата посилни и поотпорни на лоши и негативни работи, како и на тешки преодни моменти.

              Повеќе