Кога родителот има 2, 3 деца, тој се колне дека сите исто ги сака. Навистина?!

Српскиот психијатар Владета Јеротиќ вели дека такво нешто како што е еднаква љубов на родителот кон сите свои деца, не постои! Што мислите вие, дали исто ги сакате вашите деца?

790

Претходно, како психијатар, знаев да ги прашам родителите со две или три деца: „Кое дете најмногу го сакате?“. Речиси сите велеа – подеднакво.

Кога ќе се роди детето, личи на некој, на таткото или на мајката. И тоа ним им е важно. И тогаш родителот, иако неволно, ќе го засака повеќе тоа дете кое физички повеќе личи на него отколку останатите негови деца. Па уште и ако има и заеднички психолошки карактеристики…

Претходно, како психијатар, знаев да ги прашам родителите со две или три деца: „Кое дете најмногу го сакате?“. Речиси сите велеа – подеднакво. И мајката и таткото се колнат во тоа. Но, се разбира дека тоа не е точно. Такво нешто не постои. Секогаш едното малку повеќе. Ако имате две деца, тогаш е добро што мајката го сака едното, а таткото другото. Затоа што ако и двајцата го сакаат повеќе едното, другото ќе го почувствува тоа.

Здравородените деца се толку интуитивни суштества што забележуваат сè што се случува и со мајката и со таткото. Сето тоа е невербално.

Еве, сега да ја земеме мајката. Таа, пред сè, сака дете затоа што ги има нејзините карактеристики. Но, го сака и затоа што го сака сопругот со кој доброволно го родила тоа дете. Но, она третото, највозвишеното, е кога мајката го сака детето како посебно, ново и мистериозно суштество, без разлика на препознатливите добри и лоши особини од себе и од нејзиниот сопруг, кај детето.

Ги има, се разбира, оние деца кои не личат ниту на таткото ниту на мајката. Психички пред сè. Секако дека има и генетика, а потоа родителите понекогаш знаат да запомнат некои карактеристики од своите роднини или предци, па ги препознаваат кај детето. Но, тоа понекогаш не е така. На пример, едно дете се родило совршено музикално, а никој во семејството, ни блиско, ни далечно за да може да се сетат родителите, не бил музикален. Ова е, се разбира, редок случај.

Порано веруваа дека детето се раѓа како неиспишана табла. Таков бил ставот на бихејвиористите, дека на детето му се пренесуваат само физичките карактеристики. Но, денес знаеме дека тоа не е точно. На пример, темпераментот е вроден, како и многу други работи. Генетиката е исклучително важна, а потоа она што се случува пренатално, па постнатално.

Во секој од нас, би рекле Азијците, има стотици реинкарнации. Во некој правнук таму, се реинкарнил неговиот прадедо на некој начин. Тоа е генетика.

Како млади психијатри, нè учеа дека склоноста кон алкохолизам, самоубиство, не е наследна, туку се учи по модел. Денес, пак, генетиката вели дека постои предиспозиција и за алкохолизам и за самоубиство и за зависност од дрога, а уште полошо – и за убиство. За мене е ужасна помислата дека постои некоја грешка во генот што те прави убиец. Но, во прилог на тоа ни зборува и тоа што некој извршил убиство, одлежал 15 години затвор, излегол и по неколку месеци повторно извршил убиство. Исто е и со сексуалните престапи. Ова прашање се поставува уште од времето на Фројд, зошто е тоа така.

Сега родителите во таа смисла малку се ослободија од притисокот. Уште кога бев млад психијатар, научивме дека генетиката има мало влијание и дека сè што не чини кај децата и кога ќе пораснат, се должи на родителите. Тоа е во голема мера точно, но не целосно. И јас не смеам секогаш да го кажувам тоа затоа што ме слушаат млади луѓе кои допрва треба да раѓаат, па да не се исплашат.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе