Дали се чувствувате одговорни кога е детето тажно, бесно, вознемирено?

Не можеме да контролираме како другите луѓе се чувствуваат, што прават, какви се нивните уверувања. Со обидите да контролираме нешто што всушност не можеме, е битка која е однапред изгубена.

556

Ако верувате дека во животот е важно и неопходно да се има контрола, вие сте на одличен пат да си го загорчите животот на себе и/или на оние околу вас. Причината е прилично едноставна – целта што сте ја поставиле е недостижна. Невозможно е во секое време да знаете каде е вашиот 16-годишен син. И дури и да е можно, самата идеја е прилично застрашувачка. Не можете да имате таква контрола дури и кога детето е бебе. На пример, правите се за да не плаче вашето бебе, го пресоблекувате, го храните, гушкате, лулкате, носите, пеете, а бебето сè уште плаче. Понекогаш сè што правите ќе помогне да се смири бебето, но понекогаш нема.

Зошто бебето плаче? Којзнае!

Слично е и кога станува збор за односот со постаро дете или со партнерот: сакаш личноста која ви е важна да биде среќна и правите сè во таа насока, па задоволувате, поддржувате, не се лутите, секогаш сте на располагање, ја фалите, правите сè со намера да ја усреќите таа личност. И таа може да биде задоволна или да биде задоволна некое време. И после тоа можеби веќе не е задоволна, а вие немате поим зошто, а сите напори да се промени тоа, односно да се задржи контролата, паѓаат во вода. Ова се случува од едноставна причина што не можеме да контролираме како се чувствуваат другите луѓе, што прават, какви се нивните верувања. Понекогаш, во текот на животот ни се случуваат работи кои не сме можеле да ги предвидиме или да ги контролираме, а се многу тешки и непријатни (болести, сообраќајни незгоди, елементарни непогоди).

Дали ги сакавме? Се разбира не. Можеме ли да ги контролираме? Честопати не. А ни останува само да ги прифатиме и да се приспособиме. Обидите да се контролира нешто со што навистина не можеме да се бориме е битка која би била однапред изгубена. А притоа, покрај тоа што често ги оптоваруваме другите луѓе, трошиме енергија и не успеваме да се справиме со она над што имаме контрола, а тоа сме НИЕ самите и она што НИЕ го правиме.

Дали сум на погрешен пат?

1. На детето му претставувате систем на вредности кој ви е важен преку сопствените постапки, однесување и разговори – НЕ сте на погрешен пат.

2. Имајќи ја предвид возраста на детето, му претставувате систем на вредности што ви е важен со пристапот во дисциплинирањето, пофалбите и јасното и доследно поставување на границите – НЕ сте на погрешен пат.

3. Како што расте детето, вие намалувате некои контролни мерки во корист на односот на меѓусебна доверба – НЕ сте на погрешен пат.

4. Се обидувате да му помогнете на детето во ситуации кога се чувствува лошо – НЕ сте на погрешен пат.

5. Ги преиспитувате своите постапки и верувања и понекогаш ги корегирате – НЕ СТЕ на погрешен пат.

6. Во текот на растењето на детето цврсто се придржувате до потребата за контрола, ДА, на погрешен пат СТЕ.

7. Неприфатливо е детето да има тајни – ДА, на погрешен пат СТЕ.

8. Имате стравови дека сè ќе тргне наопаку ако немате контрола врз животот на детето (училиште, градинка, пријатели, односи со други деца, слободни активности, исхрана и сл.) – ДА, на погрешен пат СТЕ.

9. Мислите дека треба да знаете сè за детето – ДА, на погрешен пат СТЕ.

10. Верувате дека е важно детето да има верувања, достигнувања и однесување во согласност со вашите очекувања и вредности – ДА, на погрешен пат СТЕ.

11. Чувствувате одговорност ако детето е тажно, луто, незадоволно, вознемирено – ДА, на погрешен пат СТЕ.

12. Несреќни сте, разочарани или лути ако работите не одат како што сте планирале – ДА, на погрешен пат СТЕ.



Повеќе