Масирајте го бебето кога е настинато: Клиниката Мајо дава конкретни упатства, но предупредува дека тоа не е замена за лекување

Лекарите од познатата клиника Мајо препорачуваат масажа на лицето на детето и тврдат дека со тоа може да се ублажат или да се елиминираат симптомите на настинка.

133

Нежниот допир на рацете на родителите му помага на детето да се смири и да се чувствува подобро ако настине, тврдат лекарите од познатата клиника Мајо. Тие препорачуваат масажа на лицето на детето и тврдат дека тоа може да ги ублажи или елиминира симптомите на настинка.

Најважно е никогаш да не го масирате детето ако се противи и ако тоа не му пријатно во моментот.

  1. Фатете ја главата на детето од страна, ставете ги палците на слепоочниците на детето, нежно притиснете ги со врвовите на прстите, а потоа масирајте ги долж линијатата под веѓите. Правете мали кругови во насока на стрелките на часовникот.
  2. Започнете во позиција каде што вашите палци се на ушите на детето, а потоа спуштете ги рацете, со мал притисок, кон брадата, опфаќајќи ги образите. Повторете го истото движење во спротивна насока – од брадата до ушите. Најдобро е да ја повторите оваа масажа десет пати.
  3. Со палците нежно притиснете го делот од лицето помеѓу ноздрите и образите на детето. Ги повлекувате палците од дното нагоре и обратно, поминувајќи преку јаготките и спуштајќи се до аглите на усните. Повторете го ова десет пати.
  4. Нежно повлечете ги образите на детето нагоре, како што се прави за да го насмеете, а потоа повторно назад до линијата на усните. Повторете ја оваа масажа десет пати, со многу нежен притисок.

И никогаш немојте силно и енергично да го масирате детето бидејќи тоа нема ефект.

Напомена: Масирањето не е замена за лекување
Масажата може да биде корисна за ублажување на симптомите на настинка кај бебињата, но важно е да се напомене дека не треба да се користи како замена за медицински третман или совет од педијатар.

Масажата може да помогне да се подобри циркулацијата и лимфниот систем, што може да помогне да се исчисти вишокот слуз и да се олесни затнатоста на носот и синусите. Исто така, може да помогне да се опуштат мускулите, да се намали напнатоста и болката и да се подобри сонот.
Сепак, важно е да се напомене дека масажата не треба да биде премногу силна или агресивна, особено во пределот на градите и вратот, бидејќи тоа може да ги влоши симптомите на настинка.

Исто така, ако бебето има висока температура или други посериозни симптоми на настинка, треба да се консултира педијатарот пред да се користат дополнителни терапии, вклучително и масажа.

Повеќе