Младите се „дрогираат“ на начин кој е популарен на Тик-Ток
Хромирањето е многу опасно, потенцијално доведува до вртоглавица, нејасен говор и губење на рамнотежа, зголемувајќи го ризикот од паѓање. Исто така, може да доведе до посериозни здравствени проблеми како што се срцеви аритмии, напади, па дури и смрт. Прочитајте за што всушност станува збор
Опасниот тренд е сѐ почест кај тинејџерите, а познат е како „хромирање“ (chroming). Ова вклучува вдишување на вообичаени предмети за домаќинството, како што се лак за нокти или фломастери за да се доживее возбудување.
Иако терминот „хромирање“ е релативно нов, практиката на вдишување на секојдневни предмети поради нивните халуциногени ефекти постои долго време. Претходно тоа се нарекуваше huffing, puffing ili bagging.
Во 2015 година, околу 684.000 Американци на возраст од 12-17 години користеле инхаланти, според Американската управа за злоупотреба на супстанции и ментално здравје.
Тој број се намали на 554.000 до 2022 година, но повторно малку се зголеми на 564.000 во 2023 година.
Социјалните медиуми во голема мера придонесоа за ова повторно оживување, како што објаснила за Health Рејчел Ким, истражувач во Cohen Children’s Northwell Health.
Таа била коавторка на студија за видеата на Тик-Ток поврзани со хромирањето, истакнувајќи колку се лесно достапни артиклите што се користат за хромирање.
Хромирањето вклучува вдишување на јаглеводороди и други штетни испарувања од легални производи. Името доаѓа од остатоците од метална боја што остануваат на кожата по вдишувањето. Според др. Хана Хејс од Центарот за отрови во Централно Охајо (Central Ohio Poison Center), хромирањето создава голема зависност.
Анализа на 109 видеа на Тик-Ток поврзани со хромирањето
Студијата на Ким, презентирана на Националната конференција на Американската академија за педијатрија во 2024 година, анализирала 109 видеа на Тик-Ток поврзани со хромирањето, при што многу корисници разговараат за повторувана употреба и зависност.
Видеата покажале дека 31% од тинејџерите користеле трајни хромирани маркери, по што следат воздушни бришачи (17%), лак за нокти (12%) и разредувач, бензин или дезодоранс (11%).
Некои деца дури користат канистри за шлаг за хромирање, што навело една компанија да престане да ги продава своите производи од азотен оксид со вкус на слатки откако ја открила нивната злоупотреба.
Хромирањето е многу опасно, потенцијално доведува до вртоглавица, нејасен говор и губење на рамнотежа, зголемувајќи го ризикот од паѓање.
Исто така, може да доведе до посериозни здравствени проблеми како што се срцеви аритмии, напади, па дури и смрт.
Во еден трагичен случај, 11-годишно момче во Велика Британија починало по обид з хромирање за време на предизвик на социјалните мрежи.
Како да се намалат ризиците?
Иако хромирањето не е ново, порастот на неговата популарност е поттикнат од социјалните мрежи кои често го прикажуваат ова однесување на духовит начин, односно го нормализираат меѓу младите.
Децата може да мислат дека тоа е побезбедно од традиционалните дроги бидејќи предметите се широко достапни, за разлика од другите контролирани супстанции.
За да се намалат ризиците, Ким предлага таквите предмети да се чуваат подалеку од дофат на помали деца, иако тоа може да биде предизвик бидејќи тие се вообичаени производи за домаќинството. Родителите, исто така, треба да внимаваат на необично однесување, како што е купувањето прекумерно количество лак за нокти.
Следењето на употребата на социјалните мрежи и дискусијата за хромирањето на неосудувачки начин може да помогне да се обесхрабрат децата да се обидат.
Едукацијата за опасностите и поставувањето јасни граници, исто така, може да бидат ефективни во спречувањето на злоупотреба на дроги.