Најлесен начин на кој можете да го смирите бебето (ВИДЕО)

Киропрактичарката д-р Џенифер Русо во видео на Тик-Ток покажува покажала како родителите мора да го држат бебето и какви движења треба да прават за да го смират.

188

Киропрактичарката д-р Џенифер Русо, која е специјализирана за работа со новороденчиња, на Тик-Ток покажала како родителите можат да го смират нервозното бебе на најбрз и најлесен начин.

Русо ја демонстрирала техниката наречена Гупи на мало бебе и покажала како родителите мора да го држат бебето и какви движења треба да прават за да го смират. Кога родителите го креваат бебето, важно е да ги поддржат главата, вратот и ‘рбетот.

Нозете на бебето треба да се притиснат на градите на родителот, а потоа нежно да се придвижува бебето поблиску и подалеку од градите. Додека ги правите овие движења со вашето бебе, можете да потпевнувате звуци кои ќе му помогнат да се опушти уште повеќе. Во примерот што го покажува Русо на видеото, бебето многу брзо престанува да плаче и целосно се смирува.

Вреди да се проба!

@kydkyronashville

✨2023!!! Wow what a year! Let’s go back and check out our TOP VIDEOS of 2023!✨ Not a shock that this was our top video! The Guppy has been a game-changer for so many families!! Comment below if you’ve tried this!! #kydkyro #nashville #tummytime #torticollis #plagiocephaly #constipation #chiropractor #pediatrics #chiro #chiropractic #momhack #momtips #momtrick #babyhack #babytip #newborn #infant #milestone #parenting101 #constipation #colic #relfux #baby #education Disclaimer: Please consult with your provider or licensed healthcare professional before attempting any activities related to the content in this platform!

♬ original sound – Kyd Kyro | Dr. Rousseau
Повеќе