Забавни начини како да го дознаете полот на детето без ултразвук

Нетрпеливоста понекогаш не е мана. Добро е да знаете дали доаѓа момче или девојче, од практични причини како што е бојата на облеката. И понекогаш е добро да се забавувате додека го чекате доаѓањето на новиот член на семејството

139

Понекогаш луѓето немаат трпение да чекаат одговор на прашањето, дали чекаат машко или женско

бебе. Може да добиете одговор на ултразвук веќе во 18-тата недела, но тоа не е нужно точно.

Понекогаш бебето во стомакот е свртено на погрешен начин или ги прекрстило нозете и ништо од

одговорот на прашањето. Додека не добиете 100% потврда, еве неколку забавни начини да го

предвидите полот на вашето бебе:

Чукање на срцето на бебето

Следниот пат кога ќе отидете кај гинеколог на преглед или на ултразвук, а е премногу рано за

одредување на полот, замолете го да ви каже колкав е пулсот на бебето. Ако е повеќе од 140

отчукувања во минута, ќе дојде девојче, а ако е помало од 140, во вашиот стомак се крие мало

момче.

Дланките на сонце

Замислете дека стојам спроти вас и само што ве замолив да ми ги покажете рацете. Дланките ќе

откријат дали е девојче или момче. Ако ги покажавте рацете со дланките нагоре, ќе родите момче.

Дланките надолу? Доаѓа девојче.

Кинеска алатка за прогнозирање

Кинескиот календар на раѓање е стар дури 700 години и сè уште се користи за предвидување на

полот без помош од лекар. Мора да внесете колку години сте имале во моментот на зачнувањето и

месецот во кој е зачнато детето и ќе добиете одговор. Може да се користи и пред зачнувањето ако

навистина сакате девојче или момче и да го темпирате датумот. Сепак, имајте на ум дека целта и на

оваа алатка е за забава и шансите резултатот да биде точен се 50:50.

Кожа полна со акни

Ако едно утро се погледнете во огледало и мислите дека сте се вратиле во тинејџерските денови,

веројатно очекувате девојче бидејќи, според нашите баби, тие ја крадат убавината на мајката. Ако

вашата кожа е сѐ уште мазна, тоа значи дека момчето ве поштедило од маката со вашиот тен.

Текст со лук

Изедете поголема количина лук и почекајте ги реакциите на луѓето околу вас. По некое време, ако

мирисот на лук излегува од сите пори на вашата кожа, тоа е момче. Ако нема мирис, на пат е девојче.

Прстен над стомакот

Извадете го венчалниот прстен од раката (да, мора да биде бурма!), врзете го на конец и обесете

го веднаш над стомакот. Најдобро би било да легнете и некој да ви помогне околу тестот.

Внимавајте во која насока се движи прстенот. Ако оди напред-назад, машко е, а ако се врти во круг,

девојче.

Соништата како показател

Дали некогаш сте сонувале дека сте родиле слатко девојче? Па, тогаш ќе имате момче. Не ги земајте

соништата како предвидувања бидејќи тие велат дека ќе го добиете спротивното од она што го

сонувате.

Тест со столици

Постојат две варијанти. Едната вклучува нож и ножици, а другата лажица и вилушка. Ножот, т.е.

вилушката, треба да се скрие под перница на едното столче или да се завитка во крпа, а на другиот

стол ставете завиткани ножици, односно лажица. Ако трудницата го одбере столот каде што е

ножот/виљушката, ќе роди момче, а ако ги избере ножиците/лажицата, ќе биде девојче.

Повеќе