Наместо викање и принудување… Што да правите кога вашето дете малтретира соученик?

Еден самохран татко дознал дека неговиот син малтретира соученик, а неговата реакција станала вистински хит на ТикТок

1.357


Самохран татко стана вирален хит на ТикТок откако објави видео за она што го направил кога дознал дека неговиот син малтретира и исмејува соученик. Решил да разговара со него и наместо да го натера да се извини или да му вика, направил нешто подобро.

Во видеото, Патрик Форсет открил дека добил имејл од наставникот кој го информирал дека неговиот 9-годишен син Линколн му се потсмева на момче од неговиот клас.

Наместо да го натера да се извини, овој самохран татко дошол до малку поинаква идеја. Откако разговарале за тоа што се случило, тој му рекол на својот син да смисли како да ги исправи работите меѓу него и неговиот пријател.
„Не го замолив да се извини, му објаснив дека има уште време да ја поправи грешката што ја направил. Не можеме да го вратиме времето назад, но секогаш можеме да се обидеме да ги поправиме работите“, објаснува тој во видеото кое има над 800.000 прегледи.
Неговиот син го направил токму тоа. На училиште разговарал со момчето што го повредил и го прашал што сака, на што момчето одговорило дека најмногу сака Покемон. Линколн имал две златни Покемон картички кои решил да му ги подари. Неговиот гест му се допаднал на момчето, кое од среќа дури и го прегрнало. Како што објаснува таткото, секое инсистирање на неискрено извинување немало да ја поправи ситуацијата.

„Само искрен разговор дава резултати. Така ги учиме нашите деца како да решаваат проблем и да ги поправаат работите кога ќе погрешат“, додава Патрик, чија идеја им се допаднала на многу родители.

„Одлична идеја, другите родители веројатно би му викале на детето или би го натерале да се извини иако можеби не е ни свесен зошто се извинува. Вашата опција е многу подобра, никогаш повеќе нема да помисли на вакво нешто. Сигурен сум“, е само еден од позитивните коментари.

Повеќе