Направете домашен еликсир од црвен кромид: Руска педијатарка советува што да правите кога на децата ќе им протече носот

Овој еликсир ги уништува бактериите и вирусите, а се користи и за лекување на воспаление на синусите.

437

Московскиот педијатар-отоларинголог проф.д-р Татјана Гарашченко ги советува родителите што да прават кога децата ќе настинат или ако имаат проблем со синусите. Таа открива еден едноставен и природен лек од црвен кромид.

Еликсир од црвен кромид за затнат нос
Исцедете една капка сок од црвен кромид и додадете 5 капки вода (која претходно е сварена и изладена).

Како се прави сокот од кромид?

За да направите сок од кромид, исчистениот кромид треба да го смелете во каша и потоа да го исцедите сокот.

Капнувајте го овој раствор во носот на детето, особено ако настинката трае подолго. Една до две капки во секоја ноздра (во зависност од возраста на детето). Можете да го правите ова 1 до 3 пати на ден.

Ако детето одбие да му се капне од капалката, користете го пакувањето од спреј за нос или капнете го растворот на мало памукче како она од стапчето за уво (се разбира без стапчето), потпикнете му го малку во носот и исцедете го сокот, па извадете го.

„Не се плашете од обилниот исцедок од носот: на тој начин ние лекуваме дури и воспаление на синусите. На овој начин доаѓа до активно чистење на носот кој се ослободува од бактериите и вирусите“, вели д-р Татјана Гарашченко.

Зошто црвен кромид?
Екстрактите од црвен кромид се богати со фенолни компоненти. Инаку, фенолите и полифенолите од различни растенија се сметаат за групи на соединенија со антимикробна активност.

Црвениот кромид се смета за најбогат извор на флавоноиди во човечката исхрана.

Има антиоксидативно дејство, кое зависи од содржината на фенолните компоненти и од содржината на флавоноиди, а се намалува од надворешните обвивки кон внатрешните.

Од флавоноидите, важно е да се истакне кверцетинот, кој интензивно се проучува бидејќи се покажа дека деактивира некои супстанции кои го поттикнуваат растот на туморот. Истражувањата покажале дека кверцетинот во комбинација со витамин Ц може да има фантастично антивирусно дејство.

Докажано е и нивното антиинфламаторно, антивирусно, антибактериско и антиоксидантно дејство.

Биоактивните компоненти на црвениот кромид покажале антибактериска и антигабична активност.

Посебно помага во спречување на воспалителни реакции кои доведуваат до алергии и астма, а се препорачува за луѓе кои страдаат од болки во грлото и бронхитис.

Повеќе