Не ја купувајте љубовта на децата со слатки!

Сигурно сте се нашле во ситуација да се задржите на работа па да го надополните своето отсуство купувајќи им ги на децата омилените слатки. Или ако работите во странство, се враќате со полн куфер чоколади и бонбони?

102

Вкупно 32 отсто од децата на седумгодишна возраст во Македонија се со зголемена телесна тежина, а 15 проценти се дебели, покажа последниот Извештај на СЗО/Европа за следење на дебелината кај децата (COSI).

И Хрватска е високо рангирана на оваа листа на рангирањето на деца со прекумерна тежина и дебелина, односно, дури 35 отсто од децата на возраст од 8 години се со прекумерна тежина, па хрватската нутриционистка Весна Босанац, посочува на овој проблем и ги лоцира причините.

„Потрошувачката на свежо овошје и зеленчук во Хрватска е помала од просечната. Кај нас секое трето дете (32 проценти) секојдневно консумира овошје, а само секое петто дете (20 проценти) секој ден консумира зеленчук“, вели таа и додава дека дел од проблемот може да лежи во фактот што некои родители ја купуваат љубовта на своите деца со бонбони.

„Не ја купувајте љубовта на децата со слатки. Ако сте родител што работи во странство, знајте дека децата сте им поважни вие, а не слатките подароци. Поминувајте квалитетно време кога сте заедно. Играјте игри, возете велосипед, играјте игри со карти, одете на плажа, заедно измијте ја колата…“ Значи, пораката е, да го надополните пропуштеното поминувајќи време во заеднички активности, а не со купување слатки.

Повеќе