Не морате да купите за бебето баш сѐ што ќе слушнете дека постои на пазарот

Иако мислите дека ви се неопходни, на пазарот има многу работи кои се тотално непотребни кога станува збор за потребите на вашето бебе

60

На пазарот има сѐ повеќе беспотребни работи кои се наменети, наводно, за потребите на бебињата. Иако некои ги има веќе со години и секогаш го пронаоѓаат патот до својот нов сопственик, родителите најчесто многу ретко или речиси никогаш нема да ги искористат.

Предметите наменети за бебињата се толку неодоливи, што без оглед на нивната употребна вредност, секогаш наоѓаат купувачи, а оваа индустрија сѐ повеќе цвета. Ви откриваме кои се најбескорисните производи на кои не би требало да си ги трошите парите:

Чевлички за новороденчиња

Сѐ додека бебето не прооди, купувањето на чевлички е фрлање на пари. Знаеме дека се неодоливи, но подобро чувајте ги парите и купете му на вашето дете квалитетни чевлички кога ќе застане на нозе. Дотогаш, нека ужива во чорапчиња или босо, во зависност од временските услови.

Видео монитор

Класичниот бејби аларм е сосема доволен. И така додека спие ќе имате 100 други обврски, па сигурно дека нема да седите пред монитор да гледате како бебето спие. Впрочем, ако толку го сакате тоа, секогаш можете да седнете покрај креветчето и да уживате во глетката.

Сетови постелнина

Комплетите со постелнини за бебиња се често двојно поскапи од оние за вашата спална. Ако ги слушате советите за безбедност на бебето во текот на ноќта, некои делови нема да смеете да ги користите. Затоа ве советуваме да купите еднобоен чаршаф и постелнина и да си го олесните остранувањето на дамките и усогласувањето со остатокот од собата на бебето.

Детергенти за бебиња

Често се поскапи од обичните детергенти, а се сосема непотребни. Колку и да е нежно средството, не би требало да дојде во допир со нежната бебешка кожа. Користете класичен детергент и кодека е бебето многу мало, плакнете ја облеката два пати.

Маса за пресоблекување

Иако се преубави и совршено би се вклопиле во собата на вашето бебе, размислувајте поинаку. Ова парче мебел е премногу скапо, а ќе ви стане бескорисно кога бебето ќе престане да носи пелени. Наместо тоа советуваме да купите комода чија висина ќе ви одговара за пресоблекување на бебето, а во фиоките ќе можете секогаш да ги чувате работите на детето.

Грејач на шишенца

Ако имате и најефтин бокал за греење на вода, не ви треба грејач на шишенца. Дури и ако немате, цените се неспоредливии многу е поисплатливо да си купите бокал.

Повеќе