„Шефот сериозно ме фати на заб. Само мене. Не онаа нервозна Маријана која постојано доцни, ниту пак Ивана затоа што се другари, туку баш мене. А мене вчера сѐ ми се собра. Син ми падна на фудбал, го носам во болница на шиење, дома нема ручек, свекрва ми ме бара за некои домашни пилиња, па не можам повеќе. Сите на грб и така цело време. Пукам по шевови. Дали ти мене воопшто ме слушаш, на кого му зборувам јас…?!“, го слушам гласот на мојата пријателка.
Во право е, умот ми талка. Секое кафе со неа се претвора во бескрајно жалење за неправедноста на животот, недостатокот на среќа, за луѓето кои заговарале против неа. Ме мачи дилемата дали да ѝ укажам на ова или само да слушам монолог во кој ништо не е добро и нема радост за никого. Особено не за неа. Решив да молчам, бидејќи и онака не ме праша за совет.
Жртвата не се раѓа
Тоа утринско кафе ме мачеше во остатокот од денот. Во кои ситуации се гледам себеси како жртва? Дали и јас сум личност која постојано се жали на луѓето и светот околу мене?
Жртва не се раѓа, жртва станува преку растење во сопственото семејство. Ако како мало дете го доживуваме светот како неправедно место, тој шаблон ќе го носиме во нашите животи и ќе биде многу тешко да излеземе од него. Секоја форма на злоупотреба, занемарување, неправедност на постапките на сопствените родители или поблиското семејство може да биде „добра“ основа за гледање на сопствениот живот како место на страдање, неправда и болка.
„Неправда е, навистина е неправда“, ми одѕвонува во главата реченицата од утринското кафе.
Синдромот Калимеро беше навистина именуван по цртан филм од нашето детство. Малата црна птица ја завршувала секоја ситуација со реченицата: „Тоа е неправда!“ Децата лесно се поистоветуваа со неа бидејќи и ним светот им изгледа страшен и непријателски настроен.
Колку и да ни одат на нерви луѓето кои постојано кукаат, нивното ‘страдање’ и ‘црните очила’ не се пријатно место дури и за нив. И додека некои не сакаат да се променат или да разберат зошто светот е наводно непријателски настроен кон нив, има и такви жртви кои се подготвени да слушнат зошто сè им е црно, зошто никогаш немаат среќа и дали постои начин коцката на животот поинаку да се сврти.
Животот е премногу краток
Причините се секогаш длабоки, евентуално скриени и не лесно препознатливи. Верувањата формирани во детството секако се поткрепени со цела низа ситуации на кои не сме можеле или не требало да реагираме како деца и кои оставиле траен белег врз развојот на нашата личност. Дури и кога немалое злоупотреба или несреќно детство, навидум малите промени во семејството би можеле да не заробат во улогата на жртва.
Мајка која ќе роди ново бебе веќе не е само наша и тоа го доживуваме како голема неправда, а тоа чувство го носиме како трајна рана, или учителката која на Ана ѝ даде петка за собирање, а нас тројка, се претвора во вештерка од која се плашиме до крајот на нашето школување.
Има цела низа примери, од застрашувачки до банални.
Многу е поважно да сфатиме дека се чувствуваме како жртва и самите да ги пронајдеме причините и корените на тоа чувство.
Важно е да се знае дека кога во зрелоста имаме чувство дека шефот не мрази или партнерот не омаловажува, одиме во регресија и тоа чувство од детството врз кое немавме контрола. Денес не не боли тоа што газдата не е фер, туку ситуацијата кога бевме навистина мали и немоќни.
Првиот чекор кон излегување од положбата на жртва е преземање одговорност за тоа чувство.
Мораме самите да видиме од каде доаѓа ова чувство, кога се населило во нашето тело и срце и да не го копираме во животот на возрасен човек. Ако нашиот шеф е неправеден кон нас, мора да знаеме дека тоа се некои од неговите нерешени проекции или рани, а наше е да одлучиме дали ќе разговараме со него за тоа, ќе го игнорираме или ќе најдеме нова работа. Тоа е наша одговорност.
Ова правило важи за сите животни ситуации во кои се чувствуваме инфериорни.
Понекогаш ни треба само туѓото внимание, присуство и поддршка. Понекогаш се жалиме затоа што ни е навистина тешко и ни треба поддршка за да го пребродиме тешкиот период. Ова е нормално и прифатливо.
Друго е ако секој муабет што го правиме се сведува на кукање и песимизам. Тогаш е јасно дека пријателскиот разговор нема да биде доволен и дека всушност стануваме личност која ќе почне да се избегнува, што е уште еден доказ за наводната „непријателска“ вибрација на животот.
Ако сакате да го намалите чувството на жртва, обидете се да започнете со преиспитување на вашите верувања за луѓето и животот, обидете се да се сетите кога сте се чувствувале предадени, неподдржани или отфрлени како дете, обидете се да ја погледнете вашата улога и однесување во секоја ситуација. смирено погледнете ги животите на вашите роднини и пријатели и споредете се со нив, но за да ги одмерите нивниот ангажман и труд во однос на вашиот, обидете се да комуницирате само позитивни работи во вашиот живот цел ден и следете како се чувствувате додека го правите тоа.
Ако ништо од горенаведеното не помага, побарајте стручна помош. Животот е премногу краток за да го поминете во болка и неправда.
Текстот е од ТУКА.