Новата серија на Нетфликс ги подели родителите и експертите, во Јапонија е хит веќе 30 години

Деца од само две години во новата серија на Netflix – Old Enough сами ги извршуваат домашните работи, одат на пазарење намирници и користат јавен превоз. Камерите го следат детето од далечина додека ги извршува задачите и предизвиците што му ги поставуваат родителите и авторите на шоуто. Серијата е хит на јапонската телевизија повеќе од 30 години

273

Оваа година Нетфликс за прв пат емитува серија чија содржина е снимена во 2013 година. Секој сегмент, кој варира од 8 до 20 минути, се фокусира на едно дете.

Имено, во серијата Old Enough сами ги извршуваат домашните работи, одат на пазарење намирници и користат јавен превоз. Камерите го следат детето од далечина додека ги извршува задачите и предизвиците што му ги поставуваат родителите и авторите на шоуто.

Во воведната епизода, Хироки, симпатично двегодишно дете, беше испратено во локалниот супермаркет. Мајка му му дава банкнота од 1.000 јени и го замолува да купи рибни колачи, кари и цвеќиња.

Хироки успева, а гордоста и зголемувањето на неговата самодоверба се трогателни. Тој покажа огромна независност и заработи тапкање по грбот од неговите родители.

Детските авантури во серијата се внимателно планирани и одобрени од нивните семејства. Доколку нешто тргне наопаку, тимовите зад камерата се обучени да интервенираат.

Двајцата експерти имаат различни мислења


Ленор Скенази, претседателка на непрофитната организација Let Grow, која се залага за независност уште од детството, вели дека серијата ја охрабрила.

„Убаво е да го вклучите телевизорот и да гледате шоу каде децата извршуваат одредени задачи, тие се среќни и успешни. Конечно имаме серија во која децата не се киднапирани кога се надвор“, вели таа и ја опишува културата на родителство во Јапонија како многу порелаксирана отколку во САД.„Во Америка, децата ги гледаме како загрозени. Ако некој види 5-годишно дете, а камоли двегодишно, како излегува само од паркот, ќе добие срцев удар и ќе повика полиција“, додава таа.

Од друга страна, Танит Кери, авторка на книги за родителството, не е толку воодушевена.

„Најмногу ја поддржувам идејата дека децата треба да научат да работат повеќе за себе. Кога се самоуверени, градат самодоверба. Но, и тоа е многу големо НО, задачите што возрасните ги бараат од нив мора да бидат соодветни на нивниот развој”, вели таа.

Кери го критикува и третманот на децата во серијата.

„Погрешно е да се мисли дека за децата е забавно да бараат од нив да извршуваат задачи за кои не се развојно подготвени“, посочува таа.

Сè уште е тешко да се каже дали серијата би била популарна кај нас како во Јапонија, но веќе е јасно дека смелите авантури на децата некои ќе ги воодушеват, а други ќе ги преплашат.

Повеќе