Од играчка, плачка

За бебињата петардите се извор на огромен стрес, кај малите деца и оние со аутизам се извор на страв, може да ги зголемат веќе постоечките проблеми и нарушувања на пациентите поврзани со срцето, респираторниот и нервниот систем, а кај домашните миленици може да се причина дури и за смрт.

550

Иако ни се познати негативните ефекти од пиротехничките средства, прославите околу новогодишните празници се познати по нивните звуци. И покрај тоа што се нелегални за продавање, петардите се сепак  лесно достапни, што  ни зборува дека ниту возрасните, ниту децата ја немаат согледано опасноста од нив.

Првата опасност од пиротехничките средства се изгорениците и повредите, особено кај децата, па она што прво ни поминува низ глава кога зборуваме за повреди од петарди, се повредите на екстремитетите.

Меѓутоа, во 2020 година, европскиот весник за офталмологија извршил ретроспективен преглед на графиконите на сите пациенти кои се јавиле на Одделот за офталмологија на Charité-University Medicine во Берлин, во текот на 7-дневен период околу новогодишната ноќ во годините 2014-2017 година.

Резултати: Вклучени се вкупно 146 пациенти со 165 повредени очи. Просечната возраст била 23 години, а 71,2% биле мажи. 51 пациент (34,9%) имале помалку од 18 години. 97 пациенти (66,4%) се здобиле со полесни, 34 пациенти (23,3%) се здобиле со умерена, а 15 пациенти (10,3%) се здобиле со тешки повреди. Тешка траума била забележана кај помлади пациенти (средна возраст: 12 години).

Пациентите кои страдаат од инфекции и алергии може да се соочат со сериозни проблеми, бидејќи тоа може да предизвика конгестија на грлото и градите. Поради чадот од петардите, суспендираните честички во воздухот се зголемуваат и секој што е изложен на тој воздух е склон да страда од проблеми поврзани со ушите, очите, носот и грлото. Загадувањето на воздухот и бучавата предизвикана од петардите, може да го зголемат влијанието на веќе постоечките проблеми и нарушувања на пациентот поврзани со срцето, респираторниот и нервниот систем.

Кога зборуваме за децата и петардите, ако започнеме од бебињата, на нив воопшто не им е јасен звукот од пиротехнички средства, па пукањето може да им предизвика огромен стрес. Затоа, препорачливо е родителите да не ги изложуваат своите деца на места каде што постои можност да има пиротехника.

Кај дел од децата се појавува и страв од пиротехничките средства. Стравот особено ги погодува децата со АДХД или аутистичен спектар на нарушувања. Кога зборуваме за стравот кај децата, исто така, важен е начинот на кој се справуваат родителите, односно, родителите. Тие понекогаш се шегуваат со стравот на нивното дете и го изложуваат на истиот со цел да го доведат детето во ситуација во која ќе го убедат дека нема потреба да се плаши. Важно е да не се минимизира или игнорира стравот на детето.

Она што исто така се истражува, е штетното влијание од пиротехничките средства врз бремените жени, односно, изложеноста на гласни звуци во текот на бременоста кои влијаат негативно на бебето.

Исто така, штетноста од гласните звуци и хемикалиите кои ги содржат петардите, освен за луѓето, се штетни и за домашните миленици и бездомните животни. Звуците од пиротехничките средства кај милениците може да предизвикаат знаци на анксиозност и немир. А, кај младите или постарите миленици може да предизвикаат и смрт.

М-р Давид Тасевски – психолог, семеен и системски советник

Повеќе