Во Бугарија ќе се разгледува воведувањето на заедничко родителство по развод

Министерката за правда Надежда Јорданова најави дебата за законски измени за обезбедување еднакви права на родителите по разводот, јави бугарската новинска агенција БТА.

737

Бугарската министерка за правда Надежда Јорданова, на 24 декември имала телефонски разговор со претставниците на организацијата „Татковци за одговорно родителство” и на здружението „Член 24″, кои протестираа барајќи законски измени и обезбедување еднакви права на родителите по разводот.

Предвидено е Јорданова на 29 декември (утре) да се сретне со членовите на невладините организации при што ќе се разговара за заедничко родителство и за механизам со кој ќе бидат заштитени првата на децата и на двајцата родители, а потоа да се подготват и законските измени. „Со години не се презема ништо за решавање на овој болен проблем за децата и за родителите, што често ги претвора децата во жртви на конфликт за време и по разводот, а доведува до отуѓување од родителите“, се наведува во соопштението од бугарското Министерство за правда.

Повеќе