Останала бремена иако сè уште била невина?!

20-годишна девојка од Портсмут, Хемпшир, страдала од состојба позната како вагинизам, што всушност е болна неволна контракција на вагиналните мускули заради што е често невозможно да се имаат сексуални односи. Сепак, останала бремена…

536

Како и кај повеќето непланирани бремености, кога Никол Мур дознала дека е бремена, се запрепастила. Но, тоа не било затоа што заборавила на контрацепција. Таа сѐ уште била девица.

20-годишната девојка од Портсмут, Хемпшир, страдала од состојба позната како вагинизам, што всушност е болна неволна контракција на вагиналните мускули поради што е често невозможно да се имаат сексуални односи.

Дури и при обидот да стави тампон, таа чувствувала неопислива болка, па затоа водењето љубов не доаѓало предвид.

„Кога имав 18 години, ја почнав врската со таткото на ќерка ми. Почнавме да се обидуваме да имаме секс, тој беше неколку години постар и поискусен. Се обидовме, но тоа беше невозможно”, се сеќава таа.

Посетила лекар за да открие што е проблемот, но ниту таму не добила одговори. Наместо тоа, Никол и нејзиниот партнер нашле други начини да бидат блиски. Иако не мислеле дека е можно, токму така таа останала бремена.

„Еден ден на работа добив ужасни киселини и чувствував болка во градите. Мојата тогашна шефица, која беше и моја блиска пријателка и знаеше за мојата состојба, рече дека сум можеби бремена. Се смеев и реков дека нема шанси затоа што сè уште бев девица и никогаш немав сексуални односи. Но, за време на паузата за ручек, направив тест за бременост и беше позитивен. Таа ми рече дека е можно да имало сперматозоиди во близина на мојата вагина, и покрај тоа што не сум имала однос. Не можев да верувам, бев толку шокирана и збунета. Сè што размислував е како ќе го родам ова бебе ако не можам да имам ни секс“, раскажува Никол.

Покрај тоа, таа се загрижила дека нејзиниот партнер ќе помисли дека го излажала.

„Но, за среќа, тој ме познаваше мене и моето тело и не се сомневаше во тоа ни за секунда“, рекла таа.

Никол исто така рекла дека е тешко да се убедат некои медицински експерти дека никогаш немала сексуални односи. Но, откако побарала второ мислење, било потврдено дека, иако ретко, можно е да забремените без пенетрација, ако спермата дојде во вагиналната област за време на сексуална активност.

„За време на бременоста, навистина се борев со професионалци кои не веруваа во мојата приказна. Мојот партнер често мораше да оди на прегледи со мене за да им објасни дека навистина немаме секс”, се присетува таа.

Дури кога била бремена во четврти месец, ѝ дијагностицирале вагинизам. Се проценува дека околу 0,5 проценти од жените страдаат од оваа состојба, но нема точна бројка.

„Имав рутински преглед кај лекар поврзан со бременоста и случајно ме виде студент по медицина кој неодамна го проучувал вагинизмот. Ми кажа дека веројатно ја имам оваа состојба. Отидов дома и ги прогуглав симптомите за вагинизам и не можев да верувам во она што го читам“, рекла таа.

По дијагнозата, Никол била упатена на терапевт специјализиран за вагинизам кој ја научил како да ја надмине оваа состојба. Благодарение на тоа, дури во петтиот месец од бременоста успеала да има секс и да ја изгуби невиноста.

Иако се плашела од породувањето, нејзината ќеркичка која сега има осум години, се родила без никакви проблеми.

Никол сега ја споделува својата приказна за да помогне во подигнувањето на свеста за вагинизмот, велејќи дека посетата на терапевтот за неа било „светло на крајот од тунелот“.

Иако повеќе не е во врска со таткото на нејзиното мало девојче, истакнува дека отсекогаш ѝ бил голема поддршка, пренесува The Sun.

Повеќе