Ова се најчестите негативни последици од викањето на детето, предупредуваат психолозите

Истражувањата покажуваат дека штетните ефекти од викањето може да се споредат со другите видови на злоупотреба, а честото викање особено може да ја ослабне врската помеѓу родителот и детето,

2.617

Многу родители го користат викањето како дисциплинска метода кога се лути на своето дете или се фрустрирани од некое негово однесување. Сепак, како што објаснуваат психолозите, ова е многу лош начин на воспитување и како таков носи само негативни последици кои се видливи врз детето, како во детството, така и откако ќе порасне.

Викањето е најчесто импулсивен одговор на постапките на детето, најчесто предизвикано од изненадување, шок, страв или моментална лутина. Родителите често рефлексно викаат во вакви ситуации без да размислуваат за последиците, кои според психолозите се сè само не позитивни.
Истражувањата покажуваат дека штетните ефекти од викањето може да се споредат со другите видови на злоупотреба, а честото викање особено може да ја ослабне врската помеѓу родителот и детето, што доведува до одредени проблеми со приврзаноста. Според психолозите, ова може да има значително влијание врз односите на детето со другите луѓе подоцна во животот.

Покрај тоа, викањето на детето резултира со ниска самодоверба. Имено, кога доживува чести вербални напади, детето може да ги интернализира овие негативни пораки, што доведува до чувство на безвредност, ниска самодоверба и потенцијално долготрајни емоционални лузни кои можат да влијаат на неговото ментално здравје.

Децата чии родители често им викаат се исто така посклони кон агресивно однесување. Имено, многу родители не се ни свесни дека детето подоцна повторува сѐ што ќе види кај нив, без разлика дали станува збор за пријатели или други луѓе што ги среќава. Истражувањата покажаа и дека овие деца имаат поголем ризик да развијат анксиозност и депресија на подоцнежна возраст.

Повеќе