Дали би посетувале курс за да научите како да го одвикнете детето од пелени?

Времето се стопли, а тоа е токму клучниот услов за да го одвикнете детето од пелени. Но, дали навистина треба да одите на специјална работилница на оваа тема?

164

Научете како брзо и ефикасно да го одвикнете детето од пелени. Вака гласи најавата за работилницата за одвикнување на децата од пелени на која наидовме деновиве, а се однесува на Хрватска. Имено, таму, сертифицирана едукаторка на меѓународно признатата програма The Happiest Baby, најавува работилница на која, наводно, учесниците ќе научат како брзо и ефикасно да го одвикнат детето од пелени.

Бидејќи е летото на повидок, многу родители се пред уште еден од многуте предизвици со кои се соочуваат – одвикнувањето од пелени. Велат дека одвикнувањето од пелени може да биде многу полесно ако го погледнете на поинаков начин. Како забава во која учествува целото семејство со акцент на една цел – одвикнувањето од пелени да стане весела и интересна активност, а вршењето нужда на нокшир ќе си дојде патем.

Кога да започнете со одвикнување од пелени?
Ако имате дете кое го усовршило цврстото седење (околу 6 или 7 месеци) и ако чувствувате дека вие и бебето сте подготвени, можете да почнете да го одвикнувате. Сигурно веќе сте забележале дека каде и да го ставите вашето бебе, тоа останува таму повеќе или помалку. Во тој период не е многу заинтересирано за проучување на околината, туку многу поинтересни му се прстите на нозете кои се обидува да ги стави во уста. Ова можеби на многумина им изгледа чудно, но до неодамна беше вообичаена практика и совет на педијатрите. Дури и вашите баби или мајки го практикувале.

Ако сте ја прескокнале таа прва опција за одвикнување, тогаш би било добро да почекате додека детето само да почне да сигнализира дека е подготвено (се обидува да ја соблече пелената, ги имитира родителите или вели нешто како чиш, чиш или како). Ова е обично на возраст од 18 до 24 месеци. Сепак, ова е исто така време кога ги усовршуваат своите вештини за одење и кога се многу заинтересирани да ја истражуваат околината, така што да ги натерате да седат мирно неколку минути на нокшир може да биде доста голем предизвик.

Како да започнете со одвикнување?
Би било добро мама и тато да проверат дали се спремни да почнат со одвикнувањето и дали е за тоа подготвено и нивното бебе. А потоа започнете со овие активности: отстранете ги теписите, облечете му на детето гаќички, ставајте го на нокшир секогаш кога ќе се разбуди, секогаш кога ќе пие или јаде, пред секое спиење или излегување.

Што е потребно за одвикнување од пелени:

  1. Многу трпение
  2. Многу забава и игри
  3. Средство за чистење на подот
  4. Нокшир
  5. Околу 30 гаќички
  6. Резервна облека за децата и родителите (особено важна за излегување), бидејќи никогаш не се знае кога незгодата ќе заврши во вашиот скут.

Eте тоа се оние генерални совети, а ако мислите дека ви треба поголема обука, слободно пријавете се бидејќи, оваа работилница која ја спомнавме на почетокот, се одвива онлајн под називот Weaning from diapers.

Ова се темите што ќе бидат опфатени:

· брзо и лесно одвикнете го детето од пелени веќе на 6-месечна возраст

· како брзо и ефикасно да се одвикне детето од пелени

· како да се знае дека детето е подготвено за одвикнување

· кога да се започне со одвикнување од пелени

. детски јазик (јазик разбирлив за малите деца) и неговата примена при одбивањето на нокшир

· како да се убеди детето да користи нокшир преку игра

· кога да се соблече ноќната пелена

· што ако детето го одбие нокширот

· што се случува кога одите на пат додека се одвикнувате од пелени

Цена на работилницата е 26 евра по лице или 20 евра за родителска двојка.

Повеќе