Ова се причините поради кои некои избегнуваат да излегуваат со самохрани родители

Истражувањето покажало дека постои страв од одбивање кај самохраните родители, па приближно секој шести нема да каже дека има деца пред да оди на прв состанок, пишува Дејли Меил.

193

Ново истражување открило зошто некои бегаат како без глава од самохрани родители. Секој четврти Британец кој исклучува врска со самохран родител вели дека тоа е затоа што би имал „компликации кои би можел да ги предизвика претходниот партнер“. Секој десетти мисли дека партнерот кој е самохран родител секогаш ќе ги има децата како приоритет, а 14 проценти сметаат дека можеби нема да се согласуваат со децата.

19 отсто од испитаниците веруваат дека врската со самохран родител носи ризик едниот од поранешните партнери да има романтични чувства кон другиот, додека 15 отсто истакнуваат дека не би се чувствувале добро кога би требало да преземат каква било одговорност за туѓи деца.
Истражувањето покажало дека постои страв од одбивање кај самохраните родители, па приближно секој шести нема да каже дека има деца пред да оди на прв состанок, пишува Дејли Меил.

Сепак, добрата вест за разделените родители е дека мнозинството (шест од десет) сепак би биле спремни да пробаат врска, и покрај постоењето на дете од претходната романса. 63 отсто од самците би размислиле за врска со самохран родител, додека 16 отсто рекле дека тоа никогаш нема да биде опција.

Повеќе