Петар Пан и Ѕвончица ќе долетаат во Штип и во Струмица

Поради големиот интерес на публиката, по Скопје, детскиот балетски спектакл „Петар Пан“ ќе имаат можност да го гледаат и децата од Штип, на 11 јуни и од Струмица, на 18 јуни.

104

Поради големиот интерес за детскиот балетски спектакл „Петар Пан“, можноста да уживаат во претставата ќе ја имаат децата од Штип и од Струмица. Вистински начин да се одбележи крајот на училишната година со омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат.

На 11 јуни (недела), точно напладне (12 ч) во НУКЦ „Ацо Шопов“ во Штип, ќе долета Ѕвончица заедно со Петар Пан, капетанот Кука, Венди, индијанци, пирати… Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите оние што си го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либрето го пее Ѕвончица преку различни песни што едноставно влегуваат во уво и долго се пеат.

Една недела подоцна, на 18 јуни, во НКУЦ -Антон Панов во Струмица, во 12:00 часот, Ѕвончица со својот волшебен прав и прекрасните сонгови ќе ги пресели сите гости во волшебната земја Недојдија. Претставата не се пропушта поради оригиналноста и мајсторската симбиоза на играта, зборовите и музиката. Сѐ е прекрасно и наросено со волшебен прав: зборовите се паметат и потпевнуваат, а сценографијата и костимите инспиративно зрачат радост и среќа.

Инаку, Петар Пан имаше премиера во Скопје. Претставата е потпишана од тимот составен од Ристо Самарџиев- сценарио и сонгови, Ирена Лозинска – кореографија и режија, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“, костимите се на Елена Вангеловска, сценографијата на Љупчо Јованов, а музиката на Владимир Дојчиновски -Дојчин. Децата во претставата се од балетското студио „Арт Балет“. Продукцијата е на М- Соунд.

Повеќе