Пред да се тетовирате, добро размислете! Тетоважите може да предизвикаат автоимуни болести, а мастилата содржат штетни хемикалии

Мастилата за тетоважи што ги користат уметниците за тетоважи може да се апсорбираат од макрофагите (вид на бели крвни зрнца) кои го задржуваат мастилото во кожата. Во некои случаи, можно е нечистотиите да влезат во крвотокот и да се шират низ телото, зголемувајќи го ризикот од несакани ефекти како што е оштетување на органите. И не е само тоа…

450

Популарноста на тетоважите и трајната шминка енормно се зголемиja во светот. За жал, хроничните компликации од тетоважите се јавуваат кај 6 до 8% од тетовираните луѓе. Овие компликации се движат од инфекции и алергиски реакции до автоимуни болести како саркоидоза.

Широкиот спектар на компликации од тетоважите можат да започнат и неколку години по тетоважата.

Без оглед на причината поради која сакате да се тетовирате, важно е да размислите и да бидете подготвени за потенцијалните ризици.

Освен за луѓето кои имаат некоја автоимуна болест, тетоважите не се без ризик, дури и за луѓе кои не живеат со автоимуна или хронична болест.

Врската помеѓу тетоважата и долгорочните ефекти врз здравјето не е нашироко позната. Во видеото подолу се зборува за можните негативни ефекти од тетоважата.
Некои од вообичаените компликации на тетоважите се добро познати. Како што се инфекции со хепатитис, ХИВ поради употреба на контаминирани игли. Но кои се долгорочните ефекти на мастилата за тетоважи. Во видеото се зборува за тоа дека тетоважата става огромен товар на нашиот имунолошки систем, ги активира имунолошките клетки кои можат да предизвикаат автоимуни болести како што се саркоидоза, лупус, лихен планус и многу други.
Тетоважата често води до она што се нарекува тип 4 или одложена реакција на хиперсензитивност.

Тетоважите се прават илјадници години. Првите тетоважи со пепел или саѓи датираат од 3370-3100 п.н.е. Денес, мастилата за тетоважи се сложени индустриски производи, честопати мешавина од пигменти, растворувачи, конзерванси и други адитиви.

Кели Мосеман, хемиска истражувачка на Универзитетот Бингхамтон во Њујорк и нејзините колеги анализирале повеќе од 50 мастила за тетоважи од девет различни брендови кои се користат во САД, откако забележале дека некои од мастилата што ги користеле во претходните студии содржат супстанции кои не биле наведени на етикетата, пишува Science Alert.

Тестовите во Њујорк на 54 примероци мастило откриле дека 45 содржеле соединенија кои не биле наведени на етикетата. Најчестиот бил полиетилен гликол, соединение поврзано со оштетување на органите, вклучително и еден вид некроза во бубрезите. Други вклучуваат 2-феноксиетанол, кој е поврзан со дисфункција на нервниот систем кај доенчиња, и антибиотик, пишува Дејли Меил.

Сè уште не е познато дали се работи за случајна контаминација на мастилата за тетоважи, грешки во означувањето или намерни, но неоткриени додатоци и бара дополнителна истрага.

Но, со оглед на тоа колку долго мастилата за тетоважи остануваат во кожата и доказите кои сугерираат дека мали количини пигмент може да истечат во лимфните јазли, има доволно оправдување да се сподели откритието со јавноста, пишува Science Alert.

Студијата од 2021 година за мастилата за тетоважи што се користат во Европската унија, исто така, открила големи проблеми со погрешно означување и неодредени адитиви во сличен дел од производите (околу 90 проценти), додека исто така открила и метални нечистотии во концентрации што ги надминуваат дозволените граници.

Мастилата за тетоважа, особено црвените, може да предизвикаат алергиски реакции како што се оток, чешање и меурчиња со месеци или дури години по првото нанесување. Но, ако состојките не се наведени на етикетите на производите, тешко е да се открие што може да ја предизвикало реакцијата и да се спречи повторно да се случи.

Европската агенција за хемикалии во 2022 година вовела регулатива за ограничување на илјадниците опасни хемикалии кои се наоѓаат во мастилата за тетоважи, а истата постапка ја покренала и ФДА, која досега објавила нацрт-упатства за мастилата за тетоважи, додека подготовките за регулација на производите се во тек.

Како се откриени штетните состојки во мастилата за тетоважи?
Околу една третина од Американците сега имаат тетоважи, сугерира истражувањето, а меѓу возрасните на возраст од 30 до 49 години, дури половина имаат тетоважи. Во студијата, објавена во списанието Analytical Chemistry, научниците собрале примероци од мастило од девет американски производители. Состојките пронајдени во тестовите потоа биле споредени со оние наведени на етикетите со мастило за да се откријат разликите. Полиетилен гликол, кој се наоѓа во мастилата, може да се користи во тетоважите како средство за згуснување, што го олеснува нивното нанесување. Се користи и во други производи како средства за миење на телото, пудри, па дури и во спрејови за коса.

2-феноксиетанол, кој исто така се наоѓа во некои мастила, може да се додаде како конзерванс, сугерираат експертите, бидејќи може да го запре растот на микробите во мастилото откако ќе се отвори шишето. Хемикалијата се користи и во хидратантни креми, сенки за очи и креми за сончање за овие ефекти, а дозволена за употреба е до концентрација од еден процент во производите.

Тестовите откриле и антибиотик – пропилен гликол – кој вообичаено се користи за инфекции на уринарниот тракт (ИУТ) и не бил наведен на етикетата. Можеби е додаден и за да се намали ризикот од контаминација. Овој антибиотик, исто така, претходно бил поврзан со алергиски реакции кои можат да предизвикаат кожни заболувања како што е егзема.

Мастилата за тетоважи што ги користат уметниците за тетоважи може да се апсорбираат од макрофагите (вид на бели крвни зрнца) кои го задржуваат мастилото во кожата. Во некои случаи, можно е нечистотиите да влезат во крвотокот и да се шират низ телото, зголемувајќи го ризикот од несакани ефекти како што е оштетување на органите.

Тетоважите го отежнуваат откривањето на ракот на кожата
Дерматолозите претходно предупредуваа за тетовирањето, велејќи дека тетоважите го отежнуваат откривањето на ракот на кожата и содржат нечистотии кои можат да го зголемат ризикот од компликации. Д-р Марк Еверет, пластичен хирург од Њујорк кој не бил вклучен во студијата, претходно сугерирал дека мастилата за тетоважи, исто така, може да предизвикаат воспаление во лимфните јазли – кои помагаат во преносот на течностите низ телото. Претходно било сугерирано дека отокот може да го оштети имунолошкиот систем на телото, намалувајќи ја неговата способност да се бори против инфекции.

Д-р Џон Свиерк, хемичар од Универзитетот Бингхемптон, кој ја водел студијата, рекол: „Се надеваме дека производителите ќе го видат ова како можност да ги тестираат своите производи и дека уметниците за тетоважи и нивните клиенти ќе го видат ова како можност да поттикнат појасно означување на производите“.

Повеќе