Психолог открива што се случува кога на детето не му даваме доволно љубов

Токму недостатокот на љубов може негативно да влијае на секој аспект од животот на детето, како во неговите најрани, така и во подоцнежните години, пренесува PsychCentral.

3.653

Количината на родителска наклонетост и љубов многу влијаат на развојот на детето, но има одредени последици кои се видливи само во зрелата возраст. Како што објаснува психологот Карла Мари Менли, во текот на својата долгогодишна пракса видела многу возрасни кои се соочуваат со одредени проблеми токму поради тоа што во детството не добивале доволно љубов од своите родители.

Имено, токму недостатокот на љубов може негативно да влијае на секој аспект од животот на детето, како во неговите најрани, така и во подоцнежните години, пренесува PsychCentral.

„Ако сте имале детство без љубов и вашите родители не ги задоволувале вашите емоционални потреби, не сте сами. Ова искуство е вообичаено, а ефектите можат да бидат длабоки и долготрајни. Имено, родителството и раните животни искуства ги поставуваат темелите за разбирање на детето за тоа што значи да се биде сакан и безбеден во свет кој често е збунувачки“, објаснува.

„Имено, кога детето се чувствува запоставено, отфрлено или злоставувано, кај него се јавува одредено чувство на несаканост, кое има тенденција да влијае на сите делови од неговиот живот.

Но, што точно се случува кога на детето не му даваме доволно љубов во неговите најрани години? Психологот тврди дека најчесто се јавуваат следниве последици:

тешко изразување на сопствените емоции и потреби
недостаток на емпатија
склоност кон судири и други конфликти со околината
неможност за саморегулација
преголеми очекувања од партнерот и односот во кој се наоѓа личноста
тешко справување во животот, работата и врските во зрелоста.

Повеќе