10 начини на кои браќата и сестрите не прават посреќни, поздрави и подобри луѓе

Во чест на Меѓународниот ден на браќата и сестрите, ги наведовме начините на кои браќата и сестрите не прават посреќни, поздрави и подобри. Дознајте за нив подолу, а потоа честитајте им го денот на вашите браќа и сестри и потсетете ги дека треба да бидете благодарни што се имате едни со други.

108

На 10 април се одбележува Меѓународниот ден на браќата и сестрите. Да се ​​има брат или сестра е вистинска предност. Секако, има моменти кога се карате или кога се чини дека вашите родители фаворизираат еден од вас, но во повеќето случаи, да се има брат или сестра е навистина прекрасно.

Во чест на Меѓународниот ден на браќата и сестрите, ги наведовме начините на кои браќата и сестрите не прават посреќни, поздрави и подобри. Дознајте за нив подолу, а потоа честитајте им го денот на вашите браќа и сестри и потсетете ги дека треба да бидете благодарни што се имате едни со други.

Браќата и сестрите можат да не направат посреќни подоцна во животот
Истражувањата покажуваат дека блиската врска со брат или сестра во средна и постара возраст е поврзана со позитивното расположение и целокупното здравје. Односот полн со поддршка помеѓу браќата и/сестрите, исто така, ја олеснува осаменоста подоцна во животот.

Гледањето на стари фотографии заедно може да го зголеми оптимизмот
Земете ги старите семејни албуми. Истражувањата сугерираат дека носталгијата што се јавува кога прелистувате фото албуми и гледате стари фотографии на кои позирате со вашиот брат и/или сестра може да поттикне чувство на оптимизам и позитивно да влијае на емоциите.

Сестрата може да го подобри нашето ментално здравје
Студијата на Универзитетот Бригам Јанг покажала дека односот полн со љубов меѓу браќа и/или сестри, без разлика дали се постари или помлади од вас, штити од чувството на осаменост, вина, самосвест или страв во адолесцентните години.

Најмалото дете во семејството е позабавно и поавантуристичко
Истражувањето од 2015 година покажа дека најмалите деца во семејството се со поголема веројатност себеси да се сметаат за оние со подобра смисла за хумор, додека постарите браќа и сестри се сметаат себеси за посериозни. Истражувањето исто така сугерира дека помалите деца би биле поистражувачки настроени и отворени за нови искуства.

Најстарото дете во семејството е посериозно и поодговорно
Првороденото дете е најдоверливото, често попослушно и одговорно и повеќе се фокусира на семејните вредности и лојалноста, вели Џефри Клугер, автор на книгата The Sibling Effect: What the Bonds Among Brothers and Sisters Reveal About Us.

Средното дете обично е миротворец во семејството
Студиите спроведени за семејствата и редоследот на раѓање покажуваат дека средните деца можеби се оние кои се добри во компромиси и преговарање. Преглед на истражување од 2010 година, исто така, покажа дека средните деца имаат тенденција да бидат подружељубиви и имаат добри односи и со постарите и со помладите браќа и сестри.

Имањето брат или сестра може да не направи физички поздрави
Нашите блиски односи имаат најголемо влијание врз нашите здрави навики. Податоците од Глобалното истражување на Edelman Health Barometer од 2011 година сугерираат дека 46 отсто од анкетираните луѓе во 12 земји веруваат дека нивните пријатели и семејството имаат најголемо влијание врз изборот на нивниот начин на живот, вклучително и останувањето активни.

Поминувањето време со браќата и сестрите може да го намали стресот
Да, тоа е точно, но само ако вашиот брат или сестра го сметате за најдобар пријател. Истражувањата покажуваат дека поминувањето време со саканата личност може да помогне во борбата против стресот, а експертите велат дека браќата и сестрите можат да нè заштитат од негативните ефекти на стресот како деца. Можеби еден ден шопинг со сестра ви е токму она што ви треба.

Браќата и сестрите можат да ни помогнат да живееме подолго
Силните социјални врски, како оние што можеме да ги создадеме со браќата и сестрите, се поврзани со подолг живот. Истражувањата покажуваат дека луѓето со лоши врски имаат поголем ризик од смрт (во просек умираат околу 7,5 години порано) од оние кои имаат силни врски со другите. Според Тајм, семејството и пријателите не охрабруваат подобро да се грижиме за себе и не поддржуваат кога нашето физичко или ментално здравје се загрозени.

Да ја изразите својата благодарност кон вашите браќа и сестри е добро чувство
За нас и за нив. Истражувањата покажуваат дека споделувањето благодарност може да не направи посреќни и нас и личноста која ги слуша нашите зборови.

Повеќе