Експертите предупредуваат дека мајките и татковците што ги принудуваат своите деца да изедат сè што им е во чиниите може да доведат до нездрави ставови кон храната подоцна во животот.
Но, тоа не е единствената грешка што ја прават родителите, а што придонесува за зголемување на телесната тежина кај децата – нутриционистката и мајка Џена Хоуп ги наброја скриените причини за дебелината кај децата, од кои повеќето релативно лесно можат да се поправат.
Сокот е тајна опасност
Многу родители веруваат дека овошните сокови им помагаат на децата да ја добијат дневната доза на неопходни витамини, но нутриционистите предупредуваат дека тие содржат многу шеќер и дека е многу подобро детето да јаде овошје отколку да пие сок.
Децата не треба да пијат ништо друго освен вода, тоа е едноставна замена. Разбирам дека соковите се вкусни и слатки, така што има големи шанси малите сами да ги бараат, а родителите не се свесни колку се лоши. Се разбира, многу е подобро да се јаде јаболко или портокал наместо сок.
Времето пред екранот исто така дебелее
Некои родители можеби не разбираат дека постои врска помеѓу времето пред екранот и дебелината, но самото седење не е виновникот за зголемување на телесната тежина.
Се повеќе деца јадат пред екраните, а тоа може да има негативно влијание врз регулирањето на апетитот. Кога ставате екран пред детето, неговиот мозок е фокусиран на екранот, а не на храната што ја јаде, што ги прави поголеми шанси да јадат повеќе отколку што им треба. Тоа негативно влијае и на апсорпцијата на хранливите материи – мозокот не ги произведува дигестивните ензими потребни за варење бидејќи мозокот не е ангажиран како што треба, објаснува нутриционистката Хоуп.
Грицки за дисциплинирање
Една од навиките што Џена ја забележала кај родителите е дека на своите деца им даваат грицки и слатки само за да ги окупираат со нешто. Сепак, нутриционистката предупредува дека тоа е лошо на долг рок.
Не е лесно да се воспитува дете и многу родители се постојано зафатени, постојано извршуваат повеќе задачи, па ако не можат да најдат нешто друго за да го заинтересираат своето дете, му даваат грицки. Кесичка чоколадни бонбони може да ви купи време, но е лошо за здравјето на децата, потсетува таа и додава дека најмалите треба да научат да се забавуваат без грицки и телефони.
Храната како награда
Повеќето родители го прават ова – ја користат храната како награда за да ги натераат децата да направат нешто, но со тоа им создаваат долгорочни проблеми со исхраната.
Нормално е мајките и татковците да кажат „ако не го направиш ова, не можеш да имаш десерт“, истакнува нутриционистката и додава дека тоа никогаш не треба да се прави бидејќи користењето на храната како награда создава лош однос со храната, пренесува thesun.co.uk.
Десерти после секој оброк
Нутриционистката вели дека е многу важно родителите да не прават од децата слаткокусци уште од мали нозе.
Мислам дека е многу важно децата да не се учат дека треба да имаат десерт после секој оброк, бидејќи во спротивно малите ќе пораснат мислејќи дека секогаш треба да јадат нешто слатко после оброк, што не е случај.
Користење на количка и автомобил
Нутриционистката истакнува дека прекумерната употреба на колички или автомобили на кратки патеки може да придонесе за зголемување на телесната тежина.
Потпирањето на количка или автомобил е дефинитивно фактор кој придонесува за намалена физичка активност кај децата. На децата кои можат да одат треба да им се дадат повеќе можности да ги користат нозете, во разумна основа, вели таа, додавајќи дека луѓето исто така „скокаат“ во автомобили премногу често, дури и кога станува збор за кратки релации.
„Често гледам семејства како ги поминуваат викендите возејќи се до рестораните за да јадат брза храна додека нивните деца зјапаат во нивните таблети“, истакнува Хоуп, додавајќи дека е многу подобро да се пешачи или да се вози велосипед.