Руските научници бараат да се укинат попладневните смени во училиштата

Нарушениот режим на исхрана и спиење го намалува успехот на децата на училиште и доведува до раст на депресивно расположение, зависност од храна и дебелина, велат научниците.

260

Нарушениот режим на исхрана и спиење го намалува успехот на децата на училиште и доведува до раст на депресивно расположение, зависност од храна и дебелина, објавија научниците од Универзитетот во Урал „Борис Елцин“. Резултатите се објавени во списанието „Nutrients“.

Дебелината кај децата е сериозен медицински и социјален проблем. Според податоците на Светската здравствена организација, во последните 40 години бројот на тинејџери кои страдаат од вишок килограми е десеткратно зголемен. Вообичаено, истражувањата за причините за дебелината се базираат на искуства на возрасни, вработени лица, но има и одредени специфичности кога се во прашање децата.

Руските научници го истражувале деноноќниот ритам на повеќе од 12.000 ученици на возраст од 12 до 18 години.

Анализирани се врските помеѓу деноноќниот ритам (биолошки ритам во човечкото тело, кој регулира бројни неврохуморални процеси во мозокот и на тој начин ги контролира и усогласува днeвно-ноќните и бројни други функции, исхраната и успехот на учениците.

„Десет проценти од испитаниците имале преголема телесна маса, а 6,4 имале недоволна телесна маса. „Кај 2,2 отсто од студентите се регистрирани знаци на висцерална дебелина, кај 20,2 отсто умерена или тешка депресија, а кај 5,3 зависност од храна“, вели доцентката на Катедрата за клиничка психологија и психофизиологија на Универзитетот во Урал, Олга Дорогина.

Таа изјавила дека кај тинејџерите, покрај растот и развојот на организмот, значително се зголемува и товарот на училишните обврски, па доколку детето не спие доволно или јаде неправилно, тоа може да доведе до влошување на неговата емоционална состојба и до помалку успех.
Резултатите од истражувањето покажале дека тинејџерите со пониски оценки и депресија почесто страдаат од зависност од храна – како последица од внатрешните преживувања тие или го прескокнуваат појадокот или вечераат доцна.

Исто така, според научниците, постои голема веројатност дека дебелината ќе добие хроничен карактер.

Сега има дискусии во научната заедница за можноста за ограничување на храната како средство за спречување на дебелината. Податоците од Универзитетот Урал, сепак, покажуваат дека гладувањето може да има негативни последици за психо-емоционалната состојба и когнитивните функции на децата.
Според руските научници, ризичен фактор за дебелеење е и учењето во попладневната смена. Префрлањето на фазата на спиење во подоцнежно време има негативен ефект врз исхраната, односно менување на времето на главниот оброк.

Ако детето легнало доцна наутро, нема да појадува, а кога пред ручек ќе се појави глад, постои голема веројатност да изеде нешто набрзина, но штетно – храна со голем број калории, висок процент на масти и шеќер.

По спроведеното истражување, научниците препорачале реорганизација на образовниот процес и земање предвид особеностите на исхраната за различни возрасти. Во идеален случај, наставата во попладневната смена би била напуштена.

Повеќе