САД подготвува нехормонални апчиња за контрацепција за мажи

Таблетата „Ипсилон-ес-ти-529“ веќе се покажала како безбедна при тестирањето на глувци и е 99 отсто делотворна во спречување бременост.

76

 Научници од САД работат на нови нехормонални пилули за контрацепција за мажи. Таблетата „Ипсилон-ес-ти-529“ веќе се покажала како безбедна при тестирањето на глувци и е 99 отсто делотворна во спречување бременост.

Испитувањата на луѓе се очекува да почнат подоцна оваа година. Истражувачите од Универзитетот на Минесота ја претставија својата анализа на конференција на Американското друштво на хемичари. Апчето не влијае на тестостеронот, што значи дека опасноста од несакани последици е мала.

„Влијанијата на апчињата за контрацепција врз машките хормони доведува до несакани ефекти како што се зголемување на телесната тежина, депресија и зголемена опасност од кардиоваскуларни болести. Поради оваа причина, решивме да ја заобиколиме можноста за делување на хормоните, при развојот на нашата пилула“, изјави д-р Абдула ал Номан кој е дел од истражувачкиот тим.

Фармацевтската компанија YourChoice Therapeutics во мигов подготвува документација и барање за одобрување на тестирање на луѓе, кои ќе бидат испратени до Американската агенција за храна и лекови (ФДА). Д-р Гунда Георг ги водеше испитувањата на глувци, а сега, заедно со остатокот од тимот, работи напорно за што побрзо да ги пласира контрацептивните таблети за мажи во продажба.  

Повеќе