Се чувствувате како некој да ве исклучил, заморот не исчезнува, а срцето забрзано чука…

Жените сè повеќе страдаат од ова нарушување, а симптомите погрешно се припишуваат на стрес, мрзеливост или на возраста. И кога сите наоди се во ред, сепак може да постои проблем. Дали сте го провериле феритинот?

60

Има денови кога се будите откако сте спиеле осум часа, појадувате, пиете кафе и повторно се чувствувате како да можете да легнете и да го преспиете цел ден. Не сте болни. Крвната слика е во ред, хемоглобинот е добар, железото е во ред, сè изгледа нормално, но вие знаете дека нешто не е во ред со вас.

Заморот што ве следи е длабок, како некој да ве изгасил одвнатре. Срцето одеднаш ќе ви се разлупа и тоа ве следи цел ден. Чувствувате како срцето ви чука забрзано дури и во мирување. Закажувате преглед кај кардиолог. По детален преглед, носење холтер, проверка на хормоните и сите наоди што би можеле да укажуваат на срцеви проблеми, сè изгледа во ред.

Ако е таков случајот и со вас, замолете го докторот да ве испрати да го проверите феритинот. Има случаи кадешто во вакви состојби кај жени, резултатите покажале многу ниски резултати на феритинот што доведува до замор и забрзан срцев ритам.

Што е феритин и зошто не се мери почесто?
Феритинот е протеин кој складира железо во телото. Ова значи дека можете да имате „нормални“ нивоа на железо во крвта, но вашиот феритин може да биде драстично низок – а вашето тело всушност копнее за тоа железо затоа што нема каде да го складира и да го користи.

Кај жените, нискиот феритин е многу чест поради менструација, породување, доење, лоша исхрана, стрес… А особено кај оние кои често немаат време да се грижат за себе.

Симптоми што не треба да ги игнорирате

Ако вашиот феритин е низок, може да доживеете:

Хроничен замор, без оглед на тоа дали спиете или не
Вртоглавица, слабост
Послаба меморија, „магла во главата“
Лупање на срцето, чувство на недостаток на воздуж
Бледа кожа
Паѓање на косата
Анксиозност, раздразливост

Проблемот е што често сето ова го припишуваме на стрес, ПМС, деца, работа… и затоа е потребно долго време додека не сфатиме дека телото всушност испраќа сигнали дека му недостасува нешто специфично.

Како да се провери и кои се нормалните вредности?
Станува збор за едноставен лабораториски тест на крвта, а резултатите се достапни по неколку часа.

Кај повеќето жени, феритин под 30 ng/ml може да предизвика сериозен замор. Многу почнуваат да се чувствуваат подобро дури кога нивото им е над 50, што секако зависи од организмот и од целокупното здравје.

Како да се зголеми феритинот и како да се задржи?

Понекогаш се потребни неколку месеци за да се врати рамнотежата. Можете да земате додатоци на железо, да ја зголемите исхраната богата со железо како: црвено месо, црн дроб, цвекло, спанаќ, мешунки, додатоци во исхраната, но под надзор на лекар и важно е суплементите со железо да ги земате со витамин Ц, а не со млеко или кафе.
Секако, потребно е и трпение и доследност бидејќи феритинот расте бавно.
Редовно правете контрола затоа што лесно може да се случи повторно да падне.
Ако и вие чувствувате дека сте постојано исцрпени, не го игнорирајте тоа чувство. Можеби е време да се провери нешто што никој досега не ви го предложил – феритин.

Повеќе