Секоја десетта мајка се кае за името на своето дете во текот на првата година од неговиот живот

Сигурно знаете колку е стресен и напнат изборот на име за детето. Понекогаш под тој стрес не е лесно да се одлучите, па можно е да одберете име на кое инаку никогаш не сте помислиле… И тоа се случува почесто отколку што мислите.

63

Колку е возбудливо да се стане родител, нели?

И колку е возбудливо сето она што ве очекува кога ќе станете родител!

На пример – избор на име за детето.

Леле, колку забавна и интересна задача!

Замислете колку опции и колку различни имиња за кои можеби никогаш не сте слушнале, а сега можете да изберете нешто што вашето дете ќе го носи цел живот!

Навистина забавна задача! Или не? Секако дека не.

Тоа не е само возбудливо, не е само забавно, тоа е стресен процес, многу стресен за многу родители, а некои не функционираат многу добро под овој стрес.

Под тој стрес, некои попуштаат и донесуваат погрешна одлука – и тоа им се случува на повеќе родители отколку што мислите.

Сајтот Бејби Центар на почетокот на летото спроведе анкета меѓу своите корисници, мајки на деца до пет години, а резултатите се изненадувачки – секоја десетта мајка сака да го „врати времето назад“ и да избере друго име за своето дете.

Анкетата не е претерано обемна, биле прашани речиси 500 мајки, но резултатот е изненадувачки. Според истражувањето, голем број мајки кои се каат за изборот на име ги развиваат овие чувства некаде во првата година од животот на детето.

Само околу 6% почнале да се предомислуваат после тој период.

Факт е дека речиси ниту еден од овие родители не одлучува да го смени името на детето, но многумина наоѓаат решение – 20% од нив велат дека го претпочитаат прекарот на детето (често, иако не секогаш, пократка верзија на официјалното име).

Бидејќи на анкетата најмногу одговарале мајки од американското говорно подрачје, тие исто така истакнале дека во овој случај понекогаш го користат средното име на своето дете, па 15% од нив рекле дека го претпочитаат средното име.

Ист број од испитаниците (15%) признале дека некој отворено го критикувал, па дури и се исмејувал со името на нивното дете, а 10% рекле дека личноста на нивното дете едноставно не одговара на името што тие го избрале.

А сепак, многу помалку – само околу 6% – всушност вложуваат напори законски да го сменат името на своето дете.

Па, како да избегнете жалење за името што ќе му го дадете на вашето дете?

Истражувањето на Mumsnet од 2020 година анкетирало над 1.000 родители во Велика Британија за тоа зошто жалат што го избрале токму тоа име за своето дете и открило дека причината број 1 е тоа што сметаат дека името е премногу често (25%).

Останатите (20%) жалат што подлегнале на притисокот да изберат одредено име, а 11% рекле дека жалат што избрале име што е тешко да се изговори или има потреба од помош со правописот.

Имајќи го сето тоа на ум, се чини дека е важно да проверите колку е вообичаено името во последниве години – ако тоа е важно за вас и за вашиот партнер.

Исто така, не е добро да бегате од тешките разговори со вашиот партнер (или некој друг) за тоа зошто едноставно не сакате да го прифатите името што тој навистина го сака.

Но, имајте го ова на ум: вкупно 32% од родителите зажалиле поради причини што не можеле да ги знаат во моментот на изборот – или едноставно им изгледало погрешно (21%) или не му одговарало на нивното дете (11%).

Сепак, добрата вест е дека огромното мнозинство луѓе не жалат поради името што го избрале за своето бебе!

И, на крајот на краиштата, многумина имаат однапред одредени имиња од кои нема да се откажат без разлика на сѐ.

Колку и да е сето тоа стресно, сепак на некој начин е забавно и возбудливо!

Повеќе