Што мислите за доење петгодишно дете?

„Доењето дополнително не поврзува еден со друг и мислам дека нема да престанам додека тој не одлучи дека е време. Не ми е гајле што мислат другите за тоа“, вели една мајка од Велика Британија која сѐ уште го дои својот петгодишен син

98


Мајка на петгодишно момче од Велика Британија предизвика бурни реакции откако на социјалните мрежи откри дека сѐ уште го дои својот син. Според Мирор, мислењата на луѓето се поделени, но повеќето сепак мислат дека нејзиниот син е престар за цицање. Она што многумина од нив ги згрози уште повеќе е фактот дека мајката нема намера уште долго да престане со доењето.

„Доењето дополнително не поврзува еден со друг и мислам дека нема да престанам додека тој не одлучи дека е време. Не ми е гајле што мислат другите за тоа“, вели мајката, која додава дека никој не треба да одлучува кога мајката треба да престане да го дои своето дете. Сепак, повеќето луѓе мислат дека таа претерува.
„Мислам дека тоа е малку премногу. Немам ништо против доењето, мислам дека е прекрасно и здраво за секое бебе, но да се дои петгодишно дете е навистина непотребно“, коментира една мајка. Нејзиното мислење главно го делат и другите родители.

„Знам дека секој одлучува за себе и за своето дете, но тоа апсолутно не е во ред. Откако детето ќе порасне доволно за да проговори, откако ќе започне да оди во градинка или ќе биде доволно големо за без проблем да се одвикне од доење, тоа треба да се направи“, смета друга мајка.

Повеќе