Сите деца лажат – и зошто не треба да ги казнувате за тоа?

На родителите секогаш им пречи кога ќе забележат дека нивните деца лажат, но дали знаете зошто го прават тоа и кога навистина почнуваат да сфаќаат што е лага?

1.946

Сите деца лажат. Некои ќе почнат со ова порано, некои подоцна. Но прашањето е зошто почнуваат да лажат и што сакаат да постигнат со своите лаги.

Како и многу други граници, децата ги поместуваат границите во нивното однесување и лажење и ги испитуваат последиците од таквото однесување.

Во однос на тоа како родителите ќе се позиционираат кон нивното однесување – ќе почнат да градат став и мислење за тоа што е лажењето, за што служи и што претставува за нив.

Децата не можат да разберат што е лага и зошто е лошо да се лаже – додека не наполнат 6-7 години.

Меѓутоа, многу родители веруваат дека нивните тригодишници веќе треба да знаат и да го разберат лажењето и треба да го исклучат од нивното однесување како неприфатливо.

Казнувањето на децата за лажење може да предизвика само контра-ефект – и да го натера детето да лаже уште почесто и да станува се подобро и подобро во тоа – со цел никој да не ги „фати“ во лага и да ја избегнат казната што инаку ја добивале за лажењето.

Зошто децата лажат?

Децата кои генерално се чувствуваат доволно сакани и сигурни во своето семејство лажат помалку.

Главно, причината за лажењето е обид да се извлечат од проблематична ситуација, да избегнат казна за некое однесување или да го добијат она што го сакале – што не смеат да го прават, па се обидуваат на секој можен начин да стигнат до таму.

Лажењето може да биде и само начин да ја искористат и „вежбаат“ својата имагинација и фантазијата, како и да го добијат посакуваното внимание доколку се чувствуваат запоставено.

Во секој случај, како и со другите обрасци на однесување и усвојувањето на стандардите за однесување, децата исто така учат за искреноста и лажењето гледајќи ги своите родители.

Во зависност од тоа како тие ќе се постават кон тоа – и децата, кога ќе пораснат доволно, ќе почнат да се однесуваат кон вистината и лагите на ист начин.

Што треба да кажете или да го прашате вашето дете кога мислите дека лаже?

Кога ќе се појави ситуација кога се сомневате во вистинитоста на она што вашето дете ви го кажало, или сте го фатиле во лага, постојат некои реченици кои ќе ви помогнат да ја „извлечете“ вистината од детето, но тоа да не се чувствува лошо поради тоа.

Целта е да научи да се справува со вистината, како и да ги разбере последиците од лажењето.

Еве неколку прашања што можете да му ги поставите на вашето дете кога ќе забележите дека лаже:

„Можете ли да ми помогнеш да разберам што се случи? Навистина не разбирам“.

  • На овој начин ќе му дадете можност на детето да објасни што се случило, без да чувствува вина.

„Има нешто за што си толку загрижен?

  • На овој начин ќе покажете сочувство, а детето ќе се чувствува безбедно да ја каже вистината.

„Како ќе се чувствуваш доволно безбедно за да ми ја кажеш вистината?

  • На овој начин обидете се да му ги понудите условите кои му се потребни на детето за да не почувствува страв од последици доколку ја каже вистината.
Повеќе