Скролаат од креветче, имаат телефони од прво одделение, од второ си прават селфи и собираат лајкови. И потоа се прашуваме…

Скролаат од креветче, во градинка знаат подобро и побрзо да го користат телефонот од родителите. Во прво одделение имаат телефон, во второ имаат профили на Инстаграм, во трето одделение прават селфи и собираат лајкови. И ете ништо не им фали. Сѐ додека….

270

Пуштете ги, што сте им се навртеле на децата, такво е времето. Постојано гледа во тој телефон, ама како и сите други, не е полош од другите. Ги вика пријателите да излезат, но никој не сака, па не оди ни тој, игра игри и се допишува.

Па, за нас нашите родители и за нив нивните родители велеа дека се било подобро во нивно време. А ние сметаме дека децата треба да живеат во склад со времето.

А што треба, само тој да нема телефон и да е единствениот што отскокнува?!

Нека ги следи тие Јутјубери кои сака да ги гледа, нема ништо да му недостига!…

Скролаат од кревет, во градинка знаат подобро и побрзо да го користат телефонот од родителите. Во прво одделение имаат телефон, во второ имаат профили на Инстаграм, во трето одделение прават селфи и собираат лајкови. И ете ништо не им фали.

Сѐ додека….

Денеска низ медиумите кружи веста дека 15-годишен тинејџер паднал од автобус и дека лекарите се борат за неговиот живот. Очевидци велат – гледал во телефонот. Не е особено важно дали тоа било баш така во овој случај. Важно е да се знае дека децата се во опасност секој ден.

И секако не сносат никаква одговорност за светот што го создадовме за нив, за уредите што им ги ставаме во раце, за тоа што немаме време за нив од премногу работа. Тие дури и не се одговорни за тоа кога Инстаграм и мејловите ни го крадат времето кога треба да си играме со нив. Знаете, 3-годишно дете нема да каже: „Мамо, спушти го телефонот, дојди играј си со мене, ми треба да ме слушаш“. Седумгодишно дете нема да каже: „Тато, не гледај во телевизорот, сакав да ти кажам нешто важно“. Нема. Само ќе се претворат во шеснаесетгодишник што не го познавате. И ќе се запрашате што се случило?! Да, се случуваат и хормони и пубертет, но внимавајте да не одите предалеку во оправдувањето на секој лош однос со детето. Тоа не се секогаш хормони и не е секогаш пубертет. Понекогаш зависи од нас.

Една од навидум безопасните работи што ја прават 90% од тинејџерите, ризикувајќи ги своите животи секој ден, е носењето слушалки. Секогаш и секаде. На и надвор од тротоар, на тротоар, во трговски центар. Може да се огласи аларм за пожар, некој да се обиде да го предупреди со сирена дека е во опасност, нема да слушнат. Телефон во раце, слушалки во уши и светот може слободно да престане да постои.

Значи, што можете да направите? Најмалку 5 работи.

Дури и на тинејџерите може да им инсталирате една од апликациите за следење и контрола. На тој начин лесно ќе знаете дали скролувал низ Инстаграм за време на часовите и колку време поминал играјќи игри.
Да го одложите купувањето или подарувањето на вашиот стар телефон на дете колку што е можно подолго. Многу родители мислат дека ако на шестгодишно дете му го дадат својот стар телефон без SIM-картичка, тоа дури и не се брои. И всушност, дека тоа воопшто не е важно. Не правете го тоа.
Да останеме доследни на правилото никој во куќата да нема телефон за време на ручек и после 10 часот навечер. Wi-Fi се исклучува во тоа време. Исклучок може да бидат оние кои работат во тоа време.
Да го ограничите времето на вашиот телефон.
Најважно: да разговарате. Објаснете. Зошто не треба да се гледа во телефонот на час, во сообраќај, на маса. И да се даде пример.
И што апсолутно не треба да правите? Да ги креневате рамениците и да се откажете од борбата затоа што е полесно да верувате дека тоа нема да ви се случи вам и на вашето дете.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе