Дали вашето дете има имагинарен пријател што го тера да прави некои работи?

Луѓето со дисоцијативно нарушување на идентитетот ретко се дијагностицираат во детството и поминуваат во просек околу седум години барајќи помош за нивните „вознемирувачки“ симптоми.

338

Дисоцијативното нарушување на идентитетот, порано наречено растројство на повеќекратна личност, е погрешно разбрана состојба на менталното здравје. Се проценува дека тоа влијае на околу 1,5 отсто од луѓето ширум светот.

Луѓето со дисоцијативно нарушување на идентитетот ретко се дијагностицираат во детството и поминуваат во просек околу седум години барајќи помош за нивните „вознемирувачки“ симптоми.

Д-р. Ричард Ловенштајн го запознал својот прв пациент со дисоцијативно нарушување на идентитетот во 1981 година. Тој вели дека на луѓето им се поставува погрешна дијагноза во просек четири пати пред да им се каже дека имаат дисоцијативно нарушување на идентитетот.

Велат дека имаат имагинарни пријатели кои ги тераат да прават некои работи

„Дисоцијативното нарушување на идентитетот не е толку изразено затоа што децата сè уште учат кои се и што би можеле да бидат. Затоа можат да кажат дека имаат имагинарни пријатели. Потоа тврдат дека ги тераат да прават некои работи или дека преземаат некој дел од нивното тело“, објаснува д-р Ловенштајн.

Психијатарот додава дека дисоцијативното нарушување на идентитетот е помалку изразено кај децата отколку кај возрасните со оваа состојба.

Доаѓаат од насилен дом или поминале низ повеќекратни искуства на злоупотреба

Не секој што ќе доживее траума од детството, како што е злоупотреба или напуштање, ќе развие дисоцијативно нарушување на идентитетот, бидејќи состојбата може да биде резултат и на генетика, тврди д-р Ловенштајн.

„Но, ако детето постојано се чувствува осамено, надвор од контрола и несигурно, поверојатно е дека ќе се изолира за да се заштити и ќе го пренесе ова однесување во зрелоста. Злоупотребата и напуштањето може да се случат надвор од домот и далеку од родителите“, предупредува докторот и како пример ги наведува случаите во кои децата поминале време во болница без своите родители поради операции кога биле мали.

Родителите имаат дисоцијативно нарушување на идентитетот

Врз основа на искуството на Ловенштајн, родителите со дисоцијативно нарушување на идентитетот може ненамерно „да ги обликуваат состојбите на нивните деца да бидат многу слични на нивните состојби“.

Тој вели дека во кариерата видел мајки кои доаѓаат со деца од основно училиште.

„Доколку детето направи нешто што ќе ја налути мајката, таа преоѓа во состојба на насилство, што детето го забележува и станува тивко и физички се повлекува од страв. Потоа ги смирувате, тие се враќаат и никој од нив не се сеќава што се случило, заради амнезија“, тврди д-р Ловенштајн и заклучува дека ова е пример како ова однесување може да доведе до развој на дисоцијативно нарушување на идентитетот кај детето.

Повеќе