Тешко ви е со едно дете? А со 12? (ВИДЕО)

Ако имате едно, две или три деца, сигурно имате и моменти кога ви е тешко и сте преморени. Еве, за тие моменти да ви станат поподносливи, видете како е кога имате 12 деца

152

Утрата се тешки кога имате две деца, а замислете да имате 12! Толку деца имаат Алиша и Џошуа Доерти, кои стануваат во 5 часот наутро за да се погрижат денот да им помине без проблеми. Двојката споделува на Инстаграм видеа од својот живот, а меѓу нив и видео од тоа како изгледа нивната раноутринска рутина.

Тие заедно печат палачинки и прават сендвичи за појадок. Исто така, секој ден им пакуваат на своите деца сендвичи, грицки, овошје, јогурт или сок за ручекот на своите деца, а кога ќе се вратат од училиште, посегнуваат по ужина. Навечер јадат чили подготвено од нивниот татко и ананас за десерт.
„Ова не е хумано, имам едно дете и тешко ми е со него, секоја чест за вас“, „Се изморувам само што го гледам ова“, велат луѓето во коментарите под некои од видеата.

Повеќе