Транс-ќерка се смирила со татко ѝ по 20 години: Ми рече дека ќе бидам грда жена (ВИДЕО)

Трансродната танчерка Касандра Кас се смирила со нејзиниот татко откако пред повеќе од 20 години ја повредил со неговиот коментар во врска со нејзината животна одлука.

366

Кас (41) и Џим (75) имале многу комплицирани односи, вели трансродната танчерка Касандра Кас за релацијата со својот татко. „Најголемиот предизвик за тоа што сум жена започна во моето семејство.

Кас била родена како маж и ја одгледал нејзиниот самохран татко во Де Мојн, Ајова. Иако на почетокот биле блиски, таа на 16 години открила дека се идентификува како жена, што целосно ја нарушило нивната врска и Џим се откажал од неа.
Силно ја повредил со зборовите: „Ќе бидеш грда жена“. Тој денеска тврди дека не се сеќава на тие зборови, но таа тврди дека се вистина.

Касандра вели дека се чувствувала беспомошно и сакала да се самоубие. „Татко ми беше самохран татко. Сакав да му се допаднам и да се гордее со мене, а тој всушност ми рече дека тоа нема да се случи“, објасни таа. „Значи, само сакав да си ги скратам маките.

Сепак, наместо да си го одземе животот, таа побегнала од дома и почнала да живее во Лос Анџелес. Оттогаш таа изградила профитабилна кариера како танчерка на бурлески и реалити ѕвезда.

Меѓутоа, отуѓеноста од нејзиниот татко почнал да ја оптоварува во последните години и тие сега повторно работат на својот однос.

„Твојот коментар доаѓа од растењето на Средниот Запад, каде што повеќето луѓе мислат дека сите луѓе како мене се изроди“, му вели Кас на својот татко Џим во шоуто Truly, кое неодамна се емитуваше на американската телевизија.

„Зборуваше така бидејќи јас бев твое дете и се плашеше за мене, сигурна сум“, додава таа со смирен тон сакајќи да се помири и да му прости на својот татко.
Иако односите меѓу нив сè уште не се испеглани целосно и двајцата активно работат на тоа. „Она што ми е важно сега е семејството“, вели Кас, а Џим потврдува дека им било потребно многу време и напор да стигнат до местото каде што се сега, но и дека е потребен поголем напор од двете страни.

Неодамна, Кас размислувала да се врати во Ајова и се пошегувала дека сака нејзиниот татко да ѝ помогне да најде маж со кој ќе може да се смири. „Можеш да ми најдеш убав фармер“, вели танчерката, а татко ѝ се насмевнува, што укажува на многу подобри односи меѓу нив, по толку години отуѓување.

Повеќе