Успешните родители не ги тераат своите деца да бидат најдобри во сѐ
„Родителите што ги запознав и кои имаа најуспешни деца не ја охрабруваа секоја прилика. Тие не ги притискаа своите деца да бидат најдобри во сè. Тие не ги притискаа да се истакнат среде сè поголемата конкуренција за да влезат во најдобрите колеџи во земјата“, напишала новинарката од Харвард и истражувач на успешни методи на воспитување Џенифер Брехени Валас.
Новинарката од Харвард и истражувач на успешни методи на воспитување Џенифер Брехени Валас, во својата книга Never Enough: When Achievement Pressure Becomes Toxic — and What We Can Do About It („Никогаш доволно: Кога притисокот врз достигнувањата станува токсичен – и што можеме да направиме во врска со тоа“), ја истражува токсичната култура на достигнувања и начините на кои екстремниот притисок може да му наштети на менталното здравје на децата.
Валас интервјуирала психолози и 6.500 родители низ САД. Во многу случаи наидувала на родители кои верувале дека нивните деца се тие кои инсистирале да се запишат на потешки изборни и воннаставни програми.
„Родителите што ги запознав и кои имаа најуспешни деца не ја охрабруваа секоја прилика. Тие не ги притискаа своите деца да бидат најдобри во сè. Тие не ги притискаа да се истакнат среде сè поголемата конкуренција за да влезат во најдобрите колеџи во земјата“, напишала Валас.
Успешните родители го прават она што сакаат да го прават и нивните деца
Ставовите и однесувањата можат да бидат заразни, покажува истражувањето. Анксиозноста и менталното здравје на децата и тинејџерите може да се влошат само ако се во близина на врсници кои исто така се под стрес од училишните или воннаставните активности. Кога тоа ќе се случи, можеби ќе треба да интервенирате и да го поттикнете детето да забави.
„Во мојот дом инсистирам на осум до девет часа сон во текот на ноќта. Тоа е она што ги терам децата да го прават. Мора да се одморите. Мора да правите паузи”, додава Валас.
Успешните родители го прават она што сакаат да го прават и нивните деца. Тие формираат здрави навики и врски. Не се оптоварени со работа кога ќе се вратат дома, спијат доволно и поминуваат квалитетно време со семејството.
„Нашите деца гледаат несовпаѓање меѓу нашите зборови и нашите постапки кога се исцрпуваме себеси обидувајќи се да им го обезбедиме најдоброто“, заклучува Валас во својата книга.