Вашето прво заедничко патување, може да биде и последно

Половина од паровите раскинуваат по нивното прво заедничко патување – ова се шокантните причини зошто

131

Додека многу парови сонуваат за романтичен состанок, првото заедничко патување е ултимативен тест за врската – и често се покажува како катастрофа.

Според неодамнешниот извештај на сајтот Dating.com, дури половина од паровите раскинуваат по нивното прво заедничко патување.

„Првото заедничко патување на двојката е голема пресвртница во врската, без оглед на тоа дали ова се случува во првите шест месеци од запознавањето или на меден месец“, вели Марија Саливан, потпретседателка на Dating.com и експерт за состаноци.

„Да поминете неколку часа со некого не е исто како да поминете неколку дена со него, па дури и заедничките викенди не се исто што и неколку заеднички недели.

Без разлика колку долго се забавувате или колку често сте заедно, веројатно ќе откриете нешто ново за навиките на вашиот партнер.

И, за жал, тоа нема да им се допадне на многу луѓе.

На пример, алармантни 31 процент од паровите ја прекинале врската откако постојано се буделе прерано додека биле на одмор.
И додека дремките и гушкањето можеби можат да ја спасат вашата врска, тоа нема да се случи ако се судрите со следниот проблем. Имено, околу 38 отсто од луѓето признале дека решиле да раскинат откако нивниот партнер постојано доцнел на резервациите за вечера.

Споделувањето на бањата со партнерот често води до анксиозност, но не поради она на што можеби мислите.

Речиси 40 отсто од испитаниците рекле дека тоа што нивниот партнер остава размачкана паста за заби во мијалникот и заборава да ја смени тоалетната хартија додека е на одмор, може да ја исфрли романсата во канализација.

Сепак, патувањето со партнерот не ви дава само увид во тоа како тие се однесуваат со вас.

Исто така, може да открие како се однесуваат со другите кога се под стрес.
Откако го виделе нивниот партнер како „пука“ во односот кон стјуардеса, туристички водич или келнер, 31 отсто од испитаниците ја прекинале врската.

Некои откриле и дека навиките како прескокнување оброци, легнување со облека за „надвор“ на креветот и лошите вештини за пакување ги натерале да го напуштат партнерот по патувањето, но 44 отсто од луѓето рекле дека имале големи откритија за нивната компатибилност како пар.

Од друга страна, имајте на ум дека половина од нив се враќаат од првото патување со сѐ уште недопрена врска, а според студијата – и нивните чувства еден за друг можеби станале уште посилни.

„По враќањето, можеби ќе одлучите да се разделите.

Но, исто така е можно да сте сè уште пар и да се сакате уште повеќе од претходно“, вели Саливан.
Како и да е, според неа, ова е патување на кое вреди да се оди за подобро да го запознаете вашиот партнер пред да се одлучите на некој посериозен чекор.

Повеќе