Верноста и лојалноста се одлука. За неверство не е потребен физички контакт

Влегувањето во врска е како влегување во продавница. Влегувате по своја слободна волја. Знаете каде влегувате и знаете кој е концептот. Значи, вие сте муштерија, влегувате, купувате, а тоа значи дека плаќате и излегувате. Ако земете нешто и не платите, сте прекршиле туѓ концепт. Ако како некој што не платил изјавите дека тој што бара да платите ви ја нарушува слободата, тоа значи дека не ги разбирате границите.

186

Верноста е доблест која во денешно време е целосно запоставена. Малку се зборува за верноста. Сите знаеме да препознаеме физичко предавство. Сите знаеме што е физичко насилство, но она што е внатре и што не се гледа ретко се споменува. Емотивното битие, иако невидливо, е исто толку важно како и физичкото. Како што го миеме лицето, треба да го измиеме и своето битие. Емоционална хигиена. Тоа е всушност едно поле составено од граници кои се како мрежа. Како географска карта. Како протокот на крв. Како координатен систем.

Кога ги знаеме и почитуваме нашите граници, тогаш ќе ги почитуваме и границите на другиот. Луѓето често не можат да направат разлика помеѓу обичното флертување и предавството. Секогаш се поставува прашањето за слободата. Ако на слободата гледаме како на одлука, работите стануваат многу појасни.

Влегувањето во врска е како влегување во продавница. Влегувате по своја слободна волја. Знаете каде влегувате и знаете кој е концептот. Значи, вие сте муштерија, влегувате, купувате, а тоа значи дека плаќате и излегувате. Ако земете нешто и не платите, сте прекршиле туѓ концепт. Ако како некој што не платил изјавите дека тој што бара да платите ви ја нарушува слободата, тоа значи дека не ги разбирате границите. Не. Никој не ви ја нарушил слободата. Вие сте ја нарушиле туѓата слобода затоа што знаевте каде влегувате и кои се правилата.

Постојат и правила на игра. Ако играте шах, не можете да ги користите правилата што се користат во „не лути се човеку“. Некој ќе рече: „Но, врските не се игра“. Тие не се игра со цел некој да биде поразен, но она што е исто со врските и игрите е дека и двете имаат правила, т.е. граници и дека ги правите и двете и ги започнувате со вашата слободна одлука и вашата волја.

Кога веќе сте во врска, прашањето е дали ја гледате врската како тим со иста цел или луѓето со кои сте во врска ги гледате како ривали кои треба да ги поразите. Ако зборуваме за емотивни и блиски врски, тогаш ќе се согласиме дека тоа е секогаш тимска игра. Значи целта е иста. Целта е љубов и мир.

Во секое битие е желбата за мир. Секој човек сака мир и спокојство и безбедност. Кога ќе влезете во емотивна врска со некого, јасно е дека крајната цел на тоа патување е мирот. Без разлика дали овој мир го постигнуваме преку бурен емотивен живот или станува збор за мирно пристаниште – секако се тежнее кон задоволување и сатисфакција а тоа повторно води кон мир.

Ако на врската гледаме како на чамец што треба да го однесеме некаде со веслање, тогаш некако ќе се обидеме да весламе за тој да стигне до својата дестинација.

Предавството, измамата и неверството е исто како да се избуши чамецот или да се стави вода во него. Замислете двајца луѓе веслаат, а потоа еден го напушта веслањето и почнува да става вода во чамецот или да го дупчи. Токму тоа е предавство.

Луѓето ги сведуваат предавството и измамата само на физички чин и контакт. Сепак, тоа е само манифестација и тоа онаа крајна манифестација на предавство. Ако добро го познавате вашето внатрешно битие и ако вашиот партнер добро го познава неговото и вашето внатрешно битие и граници, тогаш многу е јасно дека уживањето во долги разговори со други луѓе и размислувањето за други луѓе и фантазирањето за другите луѓе е еден вид предавство.

Тоа е само првиот чекор.

Верноста и лојалноста се квалитети кои се сведуваат на одлука. Наша одлука е дали сакаме да бидеме лојални. Зошто? Затоа што го знаеме нашето битие, нашите потреби и нашите граници. Знаеме да ги цениме нашите потреби. Ако знаеме да го цениме своето, тогаш знаеме и што ценат другите. Ако стапиме во врска со некого, многу ни е јасно дека тој ги споделува со нас своите грижи и стравови и планови и желби исто како и неговите успеси и спомени. Тоа е како кога ќе донесете огромна кутија полна со сѐ и сешто и ќе ја дадете некому да ја држи. Верност и лојалност е кога знаеш да ја држиш таа кутија, а не да ја тресеш или кршиш или да ја даваш на други додека ти си играш со туѓи кутии. Сами одлучуваме дали се согласуваме да ги задржиме и да ги дадеме кутиите. Ако веќе сме зеле нечија кутија, зошто би ја скршиле?

Разменувањето пораки и е-пошта со други и уживањето со другите е емотивно мамење. Флертувањето е емоционално мамење. Ако вашите пријатели и вашите партнери флертуваат и мислат дека тоа е добро – вие сте двојно во опасност освен што сте двојно изневерени. Кога велиме предавство, не мислиме на тоа драматично предавство кога светот се распаѓа, туку границите се нарушени и некаде вашиот внатрешен мир е нарушен. За неверство не е потребен физички контакт.

Зошто сето тоа е штетно освен што е предавство? Бидејќи енергијата се троши. Енергија која се троши на погрешни работи.

Луѓето често се залажуваат и велат: „Јас сум слободна личност и му давам слобода на партнерот и не ми влијае ако тој флертува или ме изневерува“. Тоа не е слобода. Тоа е ниска самодоверба. Тоа е исто како да велиме дека немаме проблем со тоа што тројца други луѓе ја користат нашата четка за заби (не само за заби, туку и за миење прозорци).

Жените често погрешно се учат дека мажите се ловци и затоа мора да изневеруваат. Ова не е вистина. Верноста е капацитет и одлука. Луѓето знаат дали имаат капацитет да бидат лојални. Луѓето кои го немаат овој потенцијал и капацитет не се луѓе кои можат да одржуваат трајни врски. Зад тоа обично стои нарцизам или ниска самодоверба. Исто така, лојалноста е некако одлука која се однесува на односот кон животот и очекувањата од себе и од животот.

Луѓето изневеруваат од различни причини, но тоа е друга тема. Ова е за самиот корен на верноста. За тоа што тргнува од самата идеја. Не треба да дозволиме луѓето да не изневеруваат и да не мамат.

Тоа е непочитување. Тоа е тажно.

Не е ниту забавно, ниту весело, ниту интересно, ниту корисно. Тоа не е здраво.

За крај ќе напишам дека меѓу животните има и многу видови кои се верни. Лебеди, црни мршојадци, волци, пингвини, дабари и многу други видови се животни кои имаат еден партнер долги години. Значи, кај овие животни лојалноста не е само прашање на одлука. Што е тогаш?

Текстот е од ТУКА.

Повеќе